„Сакајте си ги децата и кога се виновни, бидејќи животот ќе ги казнува и кога не се“

Сакајте си ги децата разумно, не до границата на разгалување. Дадете им внимание, наместо пари. Подарете им дружба, наместо играчки. Трупајте спомени, наместо купишта неносени алишта.

Sakajte-si-gi-decata-i-koga-se-vinovni-01.jpg

Задушете ги со силни прегратки, не со посесивно однесување. Поттикнете и да размислуваат самостојно, наместо да им ги решавате домашните задачи.

Научете ги да си сакаат животните, наместо да ги клоцаат и удираат. Да се грижат за природата, наместо да ја загадуваат. Да делат, наместо да си ги чуваат сите работи себично за себе.

Одвојте ги од таблетот, доближете ги до природата. Научете ги да употребуваат убави зборови, зборови како молам, повелете, благодарам, наместо пцости и недолични изрази.

Истакнувајте ги различностите и натерајте ги да ги засакаат, наместо да им всадувате омраза во чистите срца.

Охрабрувајте ги, мотивирајте ги и аплаудирајте им, но само кога вистински се добри, а не лажно успешни.

Не им го скратувајте детството, постои време кога треба да се деца, но не им го оддолжувајте ниту созревањето, постои време кога треба да се возрасни.

Но, најмногу од сè, сакајте ги. Искрено, безрезервно, до последниот здив. А најмногу кога погрешиле. Кога се виновни. Кога се засрамени, кога се уплашени.

Кога се дотепани, кога не знаат каде да го побараат излезот. Лесно може да ги досрамите, да ги навредите, да ги понижите, да ги доближите до дното.

Не заборавајте да им извлечете лекција и поука од грешките на вашите деца. Но, сакајте ги, секогаш сакајте ги, дури и кога се виновни, затоа што животот ќе се потруди да ги казни дури и кога нема да бидат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Како од мали да ги научите децата да го сакаат учењето и да бидат снаодливи? Кога детето ќе ви постави прашање од типот „зошто тревата е зелена“, обидете се ...
Децата не знаат за предрасуди, ги учат од нас Кога ќе се родиме, ние сме најчистите суштества на планетата. Родени од љубов и ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...

Најчитани неделава