Докажано: Татковците се посреќни од мајките

2019-та е годината во која борбата за еднаквост меѓу мажите и жените ќе стане уште погласна.

Dokazhano tatkovcite se posrekjni od majkite 01

Би сакале да констатираме дека тие се еднакви партнери кога станува збор за родителството, но сè уште е широко прифатен фактот дека додека татковците само се трудат околу децата, мајките се тие кои го носат најголемиот дел од менталниот товар.

Затоа и не сме многу изненадени од новото истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, кое открива дека татковците се посреќни родители од мајките.

Тим истражувачи анализирале три студии во кои учествувале вкупно 18.000 луѓе за да дознаат дали мајките или татковците чувствуваат поголема среќа и благосостојба во улогата на родител.

Две од трите студии го споредуваат нивото на задоволство на мајките и татковците и кај луѓето кои немаат деца, додека третата се осврнува на тоа како родителите се чувствуваат додека ги вршат секојдневните активности, а како кога ги чуваат своите деца.

И мајките и татковците биле најсреќни додека извршувале активности со децата, но татковците биле многу посреќни од мајките.

Во суштина, поверојатно е дека татковците си играат со децата, а мајките ги вршат секојдневните обврски во однос на грижа за децата: ги облекуваат, ги хранат, ги водат на прошетка, ги капат...

Овие активности се нераздвоен дел од родителството, но истите подразбираат работа, а не игра. И во случаите каде мајката е таа што ги има тешките задачи (а такви се многу), таа на крајот од денот нема енергија за игра со детето.

Dokazhano tatkovcite se posrekjni od majkite 02

Оттука произлегува заклучокот дека и двајцата родители може да имаат придобивки доколку повеќе си играат со своите деца.

Но, клучниот момент е следниот - ако сакаме да придонесеме мајките да бидат посреќни, не е доволно само да им кажеме дека треба повеќе да си играат со децата. Не зборуваме за магично стапче, а не треба да заборавиме ни дека мајчинството бара 24 часовна посветеност и неисцрпна енергија.

Промените треба да се случат на општествено ниво, татковците да станат колку што е можно порамноправни со мајките и да го сносат менталниот товар во приближна мера како нив.

За возврат, тие ќе добијат поддршка и признание дека вистински учествуваат во одгледувањето на детето, што, пак, ќе придонесе за здрава средина во која детето ќе расте и ќе се развива. Татковците не се само соиграчи, тие се другата половина од целото.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава