10 знаци дека сте „супер тетка“ која внуците ја обожаваат

Децата обожаваат кога возрасните им пружаат внимание. Но, ако сте тетка која нема никакви обврски околу децата, туку само со нив го дели забавниот дел и играта, тогаш љубовта сигурно е обострана и непроценлива.

10-znaci-deka-ste-tetka-koja-vnucite-ja-obozavaat-01.jpg

Како да знаете дали сте тетка која внуците ја обожаваат?

1. Зборувате со нив како со возрасни, рамноправни личности, а децата го обожаваат тоа.

2. Им раскажувате незгоди кои им се случиле на нивните родители и се кикотите на нивна сметка.

3. Знаете да одберете совршен подарок кој во моментот им е најголема желба.

4. Ги носите на натпревари, концерти и настани за кои родителите можеби немаат време.

5. Бирате да бидете во нивно друштво, дури и кога околу вас има возрасни.

10-znaci-deka-ste-tetka-koja-vnucite-ja-obozavaat-02.jpg

6. Од секое патување се враќате со некоја ситница која сте им ја купиле затоа што постојано сте мислеле на нив.

7. Во контакт сте барем еднаш во 24 часа.

8. Се допишувате преку секакви апликации.

9. Ги учите како да ги играат игрите од вашата младост, кои денес можеби не се популарни, но сигурно се забавни.

10. Правите работи кои им се забранети од родителите и не ги издавате притоа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...

Најчитани неделава