Зошто разводот по раѓањето на првото дете е толку чест?

Реченица која често може да се слушне е дека раѓањето на дете засекогаш го менува животот на еден пар. Ова е сосема точно. По пристигнувањето на новиот член, динамиката на семејството целосно се менува.

Zosto razvodot po raganjeto na prvoto dete e tolku cest 01

Паровите често не можат да се адаптираат на новите околности, што доведува до прекин на врска или развод. Пристигнувањето на новиот член во семејството ја тестира силата и квалитетот на врската, но во исто време ги нагласува индивидуалните разлики во способноста да се адаптираат на новите промени.

Французите имаат термин „Baby Clash“ кој го дефинира овој проблем како новонастанатата криза или конфликт во партнерските односи.

Терминот се однесува на неспособноста на паровите да се справат со промените и да ги надминат сите кризи и предизвици, што ги наметнува родителството, но истовремено и неможноста да се прифати фактот дека овој однос веќе не е идентичен како пред раѓањето на детето.

Парадоксалниот факт е дека детето не го зајакнува и дополнува односот, кој до тогаш добро функционирал, туку станува причина за неговиот распад. Постојат многу фактори кои доведуваат до тоа.

Родителите се среќни што ќе имаат дете, имаат некои реални или помалку реални слики за тоа како ќе изгледа оваа иднина, но никогаш не можат да знаат однапред како навистина ќе изгледа нивниот живот.

Децата бараат голема посветеност, дисциплина и жртвување. Не се сите емотивно и физички подеднакво способни да се навикнат на овие промени на дневен ритам. Повеќето од дневните активности и енергија се посветени на детето, што резултира со недостаток на одмор.

Ова може да влијае на квалитетот на врската поради хроничен замор, раздразливост, чести расправии, вина и очекување дека другото лице повеќе ќе се ангажира.

Грижата и одговорноста ги менуваат луѓето. Потребно е да се навикнете на новите обврски, но исто така, и на промените кај партнерот. Некои партнери можат да се променат целосно, а некои можат да бидат некомпетентни и неподготвени да се адаптираат на новите промени.

Zosto razvodot po raganjeto na prvoto dete e tolku cest 02

Конфликтите и расправиите, исто така, доаѓаат бидејќи ставовите за воспитувањето на децата не се совпаѓаат.

Родителите имаат честа потреба за одмор од дневната рутина на хранење, капење и успивање на детето. Поради ова често пати им помагаат членовите на поширокото семејство, што исто така може да предизвика конфликти и незадоволство, особено ако истите се мешаат во донесување одлуки во врска со воспитувањето на детето.

Физички и ментално исцрпени родители немаат доволно енергија да се посветат на себеси и нивниот однос. Понекогаш ова доведува до претерани судири и конфликти, а понекогаш и до постепено избегнување на партнерот.

Сексуалните односи стануваат поретки што дополнително го влошува квалитетот на врската.

Zosto razvodot po raganjeto na prvoto dete e tolku cest 03

Постои и депресија која се јавува кај родителите по раѓањето на детето. Истата е почеста кај жените, поради хормоналните промени по бременоста и породувањето, но се јавува и кај мажите, во помал процент.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“ „Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете...

Најчитани неделава