Наставниците откриваат: Кои 7 типови на родители најмногу нè нервираат?
Родителот „ќе се обратам кај директорот“, родителот „моето дете не е такво дома, нема шанси да го направило тоа“ се дел од најомразените.

Родителите сè повеќе се мешаат во наставата на нивните деца, а наставниците имаат главоболки поради ова.
Мајки и татковци постојано одат во училиштата да се жалат од начинот на кој се одвива наставата, да даваат критики за односот на наставниците и да даваат сугестии како да се подобри образовниот систем.
Родителите може лесно да им ја претворат во пекол работата на наставниците и тоа не носи добро никому, вклучувајќи го тука и нивното дете.
Наставниците открија кои се најлошите типови на родители:
Родителот хеликоптер – постојано доаѓа во училиштето и сака да ја работи работата на наставникот, дава предлози и реди забелешки.

Родителот „моето дете не може да погреши“ – го брани своето немирно дете и се жали зошто тоа добива поинаков третман од другите.

Родителот што дозволува сè – го разлигавува своето дете и потоа тоа им прави впечаток на другите деца дека не се доволно сакани од своите родители.

Обвинувачки настроениот родител – смета дека наставникот е виновен за недостигот од развој на неговото дете и не работи со детето дома.

Апатичниот родител – не се интересира за животот на детето и не прашува какви му се оцените, како му минал денот, дали има пријатели.

Родителот со став „детето не ми е вакво дома“ – негира дека тоа однесување е можно од детето и не се интересира како тоа се прилагодува кон надворешниот свет.

Родителот „ќе се обратам кај директорот“ – тој не дискутира прво со наставникот, туку веднаш се жали на некое повисоко ниво.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“
„Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“
„Високи трошоци за живот. Два приходи се неопходни за да се „преживее до крајот ...
9 комични ситуации во кои ќе се пронајдат (сите) родители на тинејџери
Ако тинејџерот постави прашање, тоа не значи дека сака да слушне одговор... Сте ...
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб...
„Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители
„Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“
„Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете...