Симптоми на детска депресија што никако не смеете да ги игнорирате

Напнатост

Детската депресија неретко се крие зад агресијата, па поради ова е тешко да се препознае. Проблемот е што децата и тинејџерите изгледаат како сè да ги иритира, а не изгледаат тажно. Па ако вашето дете „експлодира“ без некаква причина, можеби станува збор за депресија.

Не се радува на среќните сеќавања

Некои деца се несреќни, но тоа не значи дека се во депресија. За да ја воочите разликата, обрнете внимание како реагира детето кога му зборувате за некои среќни сеќавања.

Доколку детето е само несреќно, овој разговор ќе го расположи. Но доколку е депресивно, убавите сеќавања нема да му го подобрат расположението.

Истовремено, детето со депресија не може да си замисли среќна иднина.

simptomi-na-detska-depresija-shto-nikako-ne-smeete-da-gi-ignorirate-05.jpg

Плачење

Плачењето е сосема нормално и е здрав начин на искажување на емоциите. Но доколу забележите дека детето плаче неконтролирано и почесто, прашајте го која е причината за тоа. Немојте да му го припишувате плачењето на хормоналните промени.

Не сака утеха

Кога ќе се случи нешто лошо, нормално е да чувствувате тага. Но во овие моменти обично барате некоја утеха. Децата со депресија ќе ја одбиваат вашата утеха бидејќи знаат дека тоа нема да им помогне. Причината е што тие сакаат да почувствуваат подобро, но едноставно не можат.

simptomi-na-detska-depresija-shto-nikako-ne-smeete-da-gi-ignorirate-06.jpg

Физички болки

Доколку вашето дете почесто ви се жали за главоболка, болка во стомакот или нешто слично, тоа може да е последица од депресијата.

Недостаток од интерес

Доколку вашето дете го изгубило интересот за активностите што му причинувале задоволство, тоа е знак за сериозен проблем. Депресијата не зафаќаа само еден дел од животот, туку може да има влијание врз сè.

simptomi-na-detska-depresija-shto-nikako-ne-smeete-da-gi-ignorirate-07.jpg

Промени во апетитот

И промените во навиките за исхрана можат да бидат знак за депресија. Можеби вашето дете јадело малку, но сега е постојано гладно. Или, пак, можеби навистина сакало храна, а сега едвај јаде.

Нормално е да се појават промени во исхраната, но доколку се нагли и драстични, треба да им обрнете внимание.

Семејна историја со депресија

Кај некои луѓе депресијата е наследна. Па, размислете дали вие или кој било од вашето семејство има историја со депресија. Тоа значи дека и вашето дете е изложено на ризик.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg