Се сеќавам како играв и трчав како дете... Дали имав старки од 2.000 денари на нозете? Не ми текнува

Родителите им купуваат на своите деца оригинал бебешки старки. И тоа е во ред, иако бебето не е ни свесно за тоа. Дури не ги ни користи. Бидејќи, сè уште не гази на нив. Патичињата чинат околу 2.000 денари, а ќе се користат можеби месец-два.

se-sekjavam-kako-tatko-mi-ne-vleche-so-sanki-na-snegot-a-ne-kakvi-patiki-sum-nosela-i-vo-kakva-kolichka-me-butkale-01.jpg

Своите први оригинал старки ги имав во трета година средно, на 17 години. Беа тегет и претходно беа нечии, па потоа мене ми дојде ред да ги носам.

Станав мајка и природно, го сакам најдоброто и за своето бебе.

Но што е најдобро? Дали се тоа оригинал патичиња?

Дали се оние колички во висина на брадата со секакви додатоци најдобри за неа?

Дали е тоа брендирана облека? Играчки со вртоглави цени?

Се сомневам...

Од кога бев мала, се сеќавам на снегот и како татко ми нè возеше низ селото со санки, замотани во ќебе, до кај баба и дедо. Брат ми седи одзади, а јас помала, од напред.

Се сеќавам на врелиот леб наросен со брашно, кој го купувавме од пекарата од десната страна на улицата, по која се враќавме од станицата на која ја чекавме мама од работа.

Се сеќавам на куклата Вида, така ја викав, обична кукла со залепена коса која не можев да ја чешлам.

Се сеќавам на калта и како ја мешам во мали садчиња. Се спрема ручек...

Се сеќавам на мирисот на крпите на баба и на приказните од војна на дедо.

Се сеќавам на пијанството на татко ми и на денот кога престана да пие. Се сеќавам и каков беше најдобриот татко.

Се сеќавам на улиците и игрите на нив. Се сеќавам на училиштето и ластикот.

Се сеќавам како го бањавме ловечкото куче Дона на дедо ми со баба ми. Дона од шампонот го изгуби слухот.

Се сеќавам на загриженоста на татко ми за тромбозата на мајка ми. И на солзите на мајка ми, но и на нејзината насмевка.

Се сеќавам како дедо ми нè прска со вода од црево во лето. Врескаме и се смееме и викаме „мене дедоо“.

Се сеќавам на нивната прва кавга.

Се сеќавам како татко ми го боли чирот. Ги памтам неговите нервози за тоа.

Се сеќавам на мајсторот кој во време на инфлација ни соопшти „ви отиде грејачот“. А грејачот е скап, пари нема никаде...

Се сеќавам на лицето на мајка ми и ги чувствувам нејзините солзи додека ме гледа како добивам златен медал за читање.

Се сеќавам на чувствата...

Не се сеќавам што имав на нозете. Освен на балетанките во кои се кревав на прсти додека глумев балерина.

Не се сеќавам во каква количка ме носеле, дали била удобна, колку тркала имала и колку била голема.

Не знам дали била нова или позајмена, а не се сеќавам ниту на бојата. Го памтам одењето на модрите стапала на татко ми врз кои чекорам јас.

Не се сеќавам на квалитетот на облеката, ниту дали била скапа. Не знам дали заради тоа некој ме гледал поинаку.

По некоја слика, по некое чувство, па пак слика... чувства, чувства, чувства, па пак слика, чувство... љубов... преку допир и зборови.

На тоа се сеќаваме сите.

Извор | фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава