Три жени споделуваат: Како е да се биде самохрана мајка во 2019-та година?

Поголемиот дел од самохраните родители се мајки. А, многу од нив ќе ви кажат дека тоа може да биде вистински предизвик.

tri-zheni-spodeluvaat-kako-e-da-se-bide-samohrana-majka-vo-2019-ta-godina-01.jpg

Тоа што се самохрани мајки, може да влијае врз можноста на жените за вработување, можноста за наоѓање партнер и можноста за создавање нови пријателства.

Три самохрани мајки решиле да го споделат нивното искуство и да ни помогнат да сфатиме како е да се биде самохрана мајка во модерното општество.

Како жените стануваат самохрани мајки?

Лори

Лори има 38 години и е мајка на 8-годишен син и 1-годишна ќерка. Таа е самохран родител веќе 6 години.

Лори се разделила од таткото на нејзиниот син, кога тој имал 2 години. Поранешниот сопруг има дозвола да го посетува, а засега Лори е во врска со таткото на нејзината ќерка.

Сепак, тој живее во Њујорк, а таа во Монтреал, па целата одговорност за децата, вклучувајќи ја и финансиската, ѝ припаѓа неа.

Кеси

Кеси има 33 години и 1-годишен син, и е самохрана мајка речиси 2 години.

Нејзината врска со таткото била кратка, а таа открила дека е бремена откако се разделиле.

Кеси нема никаков контакт со таткото, кој, според неа, одлучил едноставно да не се грижи.

Мери

44-годишната мери има 4-годишна ќерка, а останала сама додека била бремена.

Иако Мери не сака романтична врска со таткото, сакала и тој да се грижи за нивната ќерка. Сепак, тој ретко се ангажирал.

tri-zheni-spodeluvaat-kako-e-da-se-bide-samohrana-majka-vo-2019-ta-godina-02.јпг.jpg

Кои се најголемите предизвици?

Кеси

Кеси смета дека најтешко ѝ е да најде време за себе. Нејзините родители живеат далеку, а не сака да им создава обврски на пријателите за да се грижат за нејзините деца.

Друго нешто што не ѝ се допаѓа е кога гинекологот ја прашувал за името на сопругот. Оваа ѝ сличните ситуации правеле да се чувствува засрамено.

Лори

Кај Лори, најголем проблем е анксиозноста, што прв пат ја почувствувала откако се родила ќерка ѝ.

„Најмногу стрес создава тоа што треба да бидам овде за сите, но и за мене. Уште се справувам со анксиозност, но излегов од маглата од првата година.“

Лори смета дека целото искуство може да ве изолира и да не ви дозволи да одвоите време за себе.

Мери

Мери, пак, смета дека на почетокот била многу цинична, но сега го променила тоа.

Не сака да размислува за тешкотиите и не сака да им дозволи на менталните проблеми да надвладеат.

tri-zheni-spodeluvaat-kako-e-da-se-bide-samohrana-majka-vo-2019-ta-godina-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава