Писмо до родителите со здрави деца: „Научете ги дека моето дете не е чудовиште“

На децата со тешкотии и проблеми во развојот не им е воопшто лесно да се вклопат во средината, а родителите посебно ги погодува кога „другарчињата“ уште повеќе го отежнуваат процесот.

pismo-do-roditelite-so-zdravi-deca-nauchete-gi-deka-moeto-dete-ne-e-chudovishte-01.jpg

Сите деца заслужуваат ист третман, а родителите се оние кои треба да ги научат своите деца како да се однесуваат со дечињата кои се малку поразлични од нив.

Една мајка од Хрватска која има дете со тешкотии во развојот напишала отворено писмо до сите родители во кое се обидува да ја поткрене свеста и да ги заштити сите деца кои се соочуваат со слични тешкотии.

Пораката од писмото гласи:

„Драги пријатели (познати и непознати),

Повеќето од вас знаат дека сум мајка на две прекрасни деца. За жал, Мила е дете со потешкотии во развојот. Таа не го избрала тој пат. Ниту пак ние, како нејзино семејство не сме го избрале. Како и сите останати семејства кои имаат деца со потешкотии. Едноставно, се најдовме во таа приказна и се трудиме најмногу што можеме. Дека е лесно, не е...

Ви се обраќам со молба да одвоите 5 минути и да разговарате со своите деца, да им објасните дека не се сите родени под среќна ѕвезда за да бидат здрави. Научете ги дека не е убаво да се исмејуваат и да покажуваат на овие деца со прст. Дека не е убаво да им зборуваат на децата со тешкотии дека се чудовишта и дека не е убаво да ги прашуваат дали се попаметни тие деца или кучињата.

Нашиот син многупати бил предмет на исмејување заради неа, ни крив ни должен. Многупати ни се стегнало срцето, а очите ни се наполниле со солзи. На нас Мила ни е совршена таква каква што е.

Ве молам, научете ги вашите деца дека за некого и различното е совршено.“

Децата понекогаш се мали и не знаат како да реагираат кога ќе видат некој поразличен од нив, но тоа не значи дека треба да бегаат од него.

Не дозволувајте вашите деца да создадат некому трауми и фрустрации само затоа што не е ист како нив. Бидете пример за вашите деца и покажете им дека сите заслужуваат да бидат среќни.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава