„Што се случи со моите деца откако им забранив да користат телефони и таблети?“

Една мајка забележала дека времето поминато пред екран има лошо влијание врз нејзините деца, па решила дека е време за промена.

ja-reporachuvam-pauzata-od-tehnologija-majka-spodeli-fotografija-od-nejzinite-deca-so-kniga-01.jpg

Таа им забранила на своите деца да користат технологија, а не ѝ се верувало колку лесно било да се направи тоа.

Она што најмногу ја изненадило било едно утро, кога нејзините деца ги земале своите книги и едноставно, им се придружиле неа и на татко им во читањето.

„Оваа фотографија не е местена.

Пред неколку месеци, им ги одзедовме уредите со екрани на децата. Зошто? Бидејќи моите слатки малечки се однесуваа како чудовишта. А на мама не ѝ се допаѓа тоа.

Им дозволувавме само еден час дневно, но сепак, екраните и електронските уреди ја замолчија нивната креативност, предизвикаа раздразливост, кавги и плачење. Не ми се допаѓаше. Па, ставивме крај на тоа.

Протестираа цела минута, а потоа се смирија. Не можев да верувам колку е лесно. Сериозно, беше како да им го чувам грбот на моите деца.

Гледав како моите деца преминуваат од фаза на зависност од електронски уреди, кон фаза на заедничко играње, креирање, па дури си направија и нивно ’училиште‘. Не ми се веруваше колку беше лесно.

Се разбира, технологијата може да биде корисна кога се употребува правилно… но после проценката на однесувањето на моите деца, знаев дека ни треба одмор од технологија.

Неколку викенди по нашиот детокс од екрани, моите деца се разбудија едно по едно и нè видоа мене и сопругот како читаме во кревет. Ги земаа нивните книги и ни се придружија. Во рестораните носат куп книги наместо таблети. Ќерка ми постигна голем напредок во читањето за само 7 месеци.

Навистина ја препорачувам семејната пауза од екрани.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава