Знаци кои може да укажуваат на аутизам кај детето и треба да се „аларм“ за секој родител
Дечињата со аутизам размислуваат, зборуваат и го гледаат светот низ поинаква призма.
Понекогаш поинтересно може да им биде да ги гледаат сопствените прсти како се движат, наместо да седнат и да си играат со другите дечиња.
Во продолжение, најдобронамерно, укажуваме на неколку знаци кои може да се аларм за аутизам.
Доколку препознаете барем половина, не би било лошо да се консултирате со стручен лекар за да може да му бидете најголема потпора на вашето дете.
Пред да наполни 1 година:
Симптомите на аутизам може да се препознаат помеѓу 6 до 12 месеци. Ова се знаците кои треба да ве замислат:
- Детето не обрнува внимание на нови лица.
- Не реагира на гласни звуци.
- Не држи предмети со рачињата.
- Не се насмевнува своеволно.
- Не се обидува да привлече внимание со своите постапки.
- Нема интерес да учествува во активности со други луѓе и деца.
Знаци по кои може да препознаете аутизам, откако детето ќе потпорасне:
Не покажува емпатија, делува индиферентно и незаинтересирано.
Не покажува интерес да се поврзе со остатокот од семејството.
Тешко е да ги процените неговите чувства, а тоа има проблем да ви ги објасни.
Забележувате дека се држи до рутина и најдобро му одат репетитивните активности.
На моменти чувствувате како да не ве слуша додека му зборувате, додека веќе во следен момент и најтивкиот звук може да го штрекне или вознемири.
Има бурни реакции за мали работи, проследени со врескање, плачење и блага хистерија.
Има потешкотии при зборување и при разбирање што другите му зборуваат.
Може да има опсесивни навики и се врзува со објекти како клучеви, запалки и ги користи како играчки.
Преферира невербална комуникација.
Има потешкотии да распознае фацијални експресии кога некој е тажен, среќен или лут.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





