Денес започнува со емитување новата сезона 5+ Фамилија

Денес, во 19:00 часот на првиот канал на Македонската Радио Телевизија започнува со емитување новата сезона од детската играна ТВ серија – 5+ Фамилија.

denes-zapochnuva-so-emituvanje-novata-sezona-5-familija-01.jpg

Во новата сезона, дечињата повторно ќе другаруваат со нивните омилени ликови: Петко, Лина, Комшо, Комшито, Ана и Марија, кои се наоѓаат пред нови ситуации. Во новите 20 епизоди што следуваат, тие се соочуваат со новите “деца” и “дојденци“ во зградата и во училиштето: јутјуберот Лука , Синокосата Лиз и Силеџијата и Алек, но сепак наоѓаат нови начини сите заедно да другаруваат и да креираат. 

Првата епизода од новата сезона, што ќе биде емитувана денес во 19:00 часот, носи наслов “Игрица“ и ги претставува предизвиците и проблемите кои со себе ги носи дигиталното време, односно виртуелниот свет на интернетот и социјалните мрежи.

Актерската и авторската екипа зад 5+ Фамилија и е добро позната на јавноста. Улогите ги толкуваат: Билјана Драгиќевиќ Пројкоска, Сања Арсовска, Ивана Павлаковиќ, Игор Ангелов, Зоран Љутков, Сара Климоска, Чедомир Митевски, Марија Кондовска, Марјан Наумов, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска и Изабела Јакимова.

Режираат Дина Дума, Марко Ѓоковиќ, Марија Апчевска и Сандра Ѓорѓиева, Тони Величковски е директор на фотографија. Сценаристи се Билјана Црвенковска, Билјана Крајчевска, Сандра Ѓорѓиева и Александар Ристоски. Костимограф е Андреј Ѓеоргиевски, шминка Ирена Сенокозлиоска, сценографија ја реализира Снежана Поњавиќ - Муча, а музички продуцент е Мите Димовски. Главен монтажер е Сашко Потер Мицевски и дизајн на звук - Марко Наумовски.

Ова е петта сезона од хит ТВ серијата за деца, а содржината од епизодите ја дополнуваат и првиот детски мјузикл “Песноден“ што во моментов е не редовниот репертоар во кино салите, како и новогодишните концерти во живо што следуваат традиционално, претпразнично во декември.

5+ Фамилија ќе се емитува секој понеделник и вторник од 19:00 часот на МРТВ1, а епизодите ќе можете да ги следите и на YouTube каналот веднаш по телевизиското емитување.

denes-zapochnuva-so-emituvanje-novata-sezona-5-familija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“ „Високи трошоци за живот. Два приходи се неопходни за да се „преживее до крајот ...
Македонка со порака до мајките: „Денес има прсти на огледалото - еден ден сè ќе биде чисто, но ќе ни... „Никој не ми кажа дека вака ќе изгледа мајчинството со две мали деца… Не мора да...
Eден најголем грев кој родителите го прават при воспитувањето на децата, според познат психијатар „Голем проблем е како се однесуваме кон детето. Ние секогаш зборуваме за проблем...

Најчитани неделава