Во што е тајната на неодоливиот мирис на новороденчињата?

Иако навидум изгледаат беспомошно, науката вели дека новороденчињата се всушност опремени со прилично моќни „механизми“, со цел да се обезбеди нивниот опстанок.

vo-shto-e-tajnata-na-neodoliviot-miris-na-novorodenchinjata-001.jpg

Големите очи, мазните образи и гигантски чела со сразмерно помала уста и нос се нивни карактеристики што прават нашите срца да се топат.

Според студијата во 2013 година, објавена во списанието Frontiers in Psychology, тој неодолив бебешки мирис не само што ги привлекува родителите на бебето, туку и другите луѓе кои се во контакт со него.

Меѓународен тим истражувачи, вклучително и научници од Центарот за хемиски чувства во Монел во Филаделфија ја следеле мозочната активност на група од 30 жени (15 кои неодамна се породиле и 15 кои никогаш не родиле) додека мирисале бебешка облека.

Резултатите биле изненадувачки, но исто така и фасцинантни. И двете групи жени покажале активност во оние делови на мозокот што се активираат при стимул поврзан со награда или пак вкусна храна и лекови.

Со други зборови, мирисот на новороденчињата навистина е зачудувачки! Па, за што точно станува збор?

Нема дефинитивен одговор, но научниците имаат неколку добри претпоставки.

„Постои теорија дека тој бебешки мирис произлегува при излачување преку потни жлезди на бебето“, изјавил аналитичкиот хемичар во Центарот за хемиски чувства во Монел.

Според него, тој мирис трае само првите шест недели, затоа што метаболизмот на бебињата се менува кога започнува нивната исхрана, односно кога престануваат да го добиваат својот хранлив продукт преку папочната врвца.

Друга теорија е дека мирисот потекнува од vernix caseosa, а тоа е белузлавата супстанција која ја премачкува кожата на новороденчето веднаш откако ќе дојде на светот.

Обично се мие, но мирисот може да продолжи да мириса на косата и кожата на бебето.

Како што покажало ова истражување но и други, мирисот е прилично моќна сила и се чини дека има директен пат до нашите мозоци.

Otkriena-tajnata-na-mirisot-na-novorodencinjata 02 630x370.jpg

Претходни истражувања покажале дека бебињата се смируваат кога се во болка или неволја со мирисот на мајчиното млеко или пак мирисот од облеката на својата мајка.

Иако мирисот на новороденчето на крајот ќе згасне, сите мајки велат дека и понатаму го сакаат мирисот на своите деца.

Многу родители велат дека го чувствуваат мирисот на своите бебиња уште долго во нивното детство и сеќавањето за него останува.

Еве што велат неколку од нив:

Едвард Дејвин, 34

„Можеби некому му звучи смешно, но моите бебиња мене ми мирисаат на слатко млеко, на еден вид чистина што никогаш порано не сум ја почувствувал“. 

Мајла Синдер, 28

„Толку сум приврзана кон „новиот мирис“ во нашиот дом што кога луѓето бараат да го држат нашето бебе, јас обично го завивам во ќебе, за парфемот на оној кој ќе го земе да не го засени неговиот свеж мирис.

Кога во текот на денот тој спие на моите гради јас сум најсреќната жена на оваа планета“.

Каја Пејкер, 25

„Мој омилен дел од денот е капењето...  Шампонот за бебиња заедно со моето бебе веднаш ми носат чувство на мир и среќа“.

Џесика Сем, 52

„Би направила сѐ да имам шанса повторно да уживам во тоа. Можеби звучи клише, но навистина е чувство кое не се опишува“.

Демиа Калин, 30

„Станав мајка за првпат во октомври минатата година. Имам неколку блиски пријатели кои штотуку станаа родители и на секоја наша средба имаме заедничка тема: мирисот на нашето бебе.“

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Привилегиите на татковците“ за кои луѓето не се свесни, според мајки „Без разлика што ќе направи тој, му велат дека е одличен, прекрасен татко. Кога ...

Најчитани неделава