Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


До 5 години децата ги третираат како кралеви, после 5 - како робови - Правила на родителите од Тибет

Правилата што ги следат тибетските родители им помагаат да израснат комплетни и независни личности. Па, изгледа дека можеме да научиме многу од овој народ.

do-5tata-godina-gi-tretiraat-decata-kako-kralevi-najvazhnite-pravila-na-tibetskite-roditeli-01.jpg

Кај Тибетанците најважното е да нема никакво понижување, ниту физичко казнување на децата. Тие сметаат луѓето кои сакаат да удрат дете, го прават тоа бидејќи детето не може да им врати.

Погледнете кои правила ги следат родителите од Тибет и зошто би требало да ги пробате и вие:

Прв период: До 5 години

Во овој период, родителите се однесуваат со детето „како со крал“. Не му забрануваат ништо, не го казнуваат, но доколку направи нешто опасно, тие пробуваат да изгледаат исплашено.

На овој начин, детето ќе сфати дека направило нешто лошо.

На оваа возраст се будат љубопитноста и интересот за животот, а детето сè уште не е способно да сфати покомплексни правила.

Доколку, на пример, детето скрши вазна, тоа не знае дека за таа вазна се потребни пари што некој ги заработил. Па ако му се развикате, само ќе му покажете дека сте посилни од него и ќе предизвикате страв.

do-5tata-godina-gi-tretiraat-decata-kako-kralevi-najvazhnite-pravila-na-tibetskite-roditeli-02.jpg

Втор период: Од 5 до 10 години

Во овој период, родителите се однесуваат кон детето како кон роб. Му даваат обврски и очекуваат да ги заврши.

Доколку детето не успее да заврши нешто, можат да го казнат, но никако со физичко насилство.

Во овој период активно се развива интелектот на детето. Па, тоа може да сфати дека неговите постапки имаат последици. Истовремено, во овој период родителите се обидуваат да го научат детето на што е можно повеќе работи.

do-5tata-godina-gi-tretiraat-decata-kako-kralevi-najvazhnite-pravila-na-tibetskite-roditeli-03.jpg

Трет период: Од 10 до 15 години

Кога детето ќе наполни 10 години, родителите почнуваат да го гледаат како еднакво на нив. Бидејќи сепак родителите имаат повеќе искуство од тинејџерите, тие постојано ги советуваат своите деца, но и ги поддржуваат во нивните цели. Им покажуваат што треба да прават и како да се однесуваат преку пример.

Доколку детето направи грешка, родителите ги избегнуваат директните забрани и казни и се обидуваат да му укажат на негативните последици.

Во овој период, кај детето се формираат независноста и сопственото мислење, па тоа почнува да презема одговорност за сè што прави.

do-5tata-godina-gi-tretiraat-decata-kako-kralevi-najvazhnite-pravila-na-tibetskite-roditeli-04.jp.jpg

Последен период: После 15 години

Кога детето ќе наполни 15 години, работата на родителите е веќе завршена.

Тие му покажуваат почит на своето дете, знаат дека е доцна за какво било друго воспитување и ги гледаат резултатите од досегашната работа.

do-5tata-godina-gi-tretiraat-decata-kako-kralevi-najvazhnite-pravila-na-tibetskite-roditeli-05.jpg

Што ако не се почитуваат овие правила?

Доколку до петтата година го контролирате и казнувате детето, речиси сигурно ќе ја потиснете неговата креативност, интелектот и интересот за животот. Ќе го научите дека секогаш треба да им се покорува на посилните и дека не смее да се изразува.

Откако ќе наполни 5 години, а вие продолжите да му удоволувате сè на вашето дете, тоа може да стане зависно од вас. Речиси сигурно нема да има желба за напредок и развој.

Доколку сè уште сте премногу заштитнички настроени кон детето и откако ќе наполни 10 години, тоа може да прерасне во несигурна и зависна личност.

Доколку не му покажете почит на детето постаро од 15 години, тоа никогаш нема да ви го прости тоа. На оваа возраст детето веќе се чувствува како самостојна личност и има потреба од вашите почит и поддршка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
„Бракот се менува по децата, но сакам тие да видат татко кој длабоко ја сака нивната мајка“ Бракот се менува кога ќе станете родители. Тоа е реалноста. Нема начин да се зао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg