5 најлоши фрази што не треба да им ги кажувате на децата

Во отсуство на правилна стратегија, многу родители реагираат на однесувањето на децата со „родителски” фрази што ги научиле низ годините.

5-frazi-shto-ne-smeete-da-im-gi-kazhuvate-na-decata-01.jpg

Нема ништо лошо во овој пристап, но за жал многу клишеа се засноваат на застарени или погрешни претпоставки за тоа како функционираат децата. Со ваквите фрази нема да постигнете ништо, освен гнев и презир кај вашето дете.

Ова се 5-те најлоши фрази што родителите треба да ги избегнуваат:

„Ти си лошо дете“

Во најтемните моменти, родителите сметаат дека нивното дете е навистина лошо. Кога доживуваат таков гнев, честопати го прашуваат детето зошто е толку лошо или му кажуваат дека е многу лошо.

Децата се однесуваат „лошо“ од милион различни причини и никое од нив не го прави тоа бидејќи е злобна личност.

Кажувајќи му на детето дека е лошо го терате навистина да поверува во тоа. Ова, пак, доведува до полошо однесување, но и психолошки проблеми како депресија и вознемиреност.

5-frazi-shto-ne-treba-ad-im-gi-kazhuvate-na-decata-02.jpg

„... или ...“

Изразот „или“ е како безвреден мост помеѓу однесувањето и последиците. Најчесто зборот „или“ се кажува во лутина, а означува закана. Но, заканите се неефикасен начин за разговор.

Наместо да кажувате зборови како „Прекини или ќе се вратиме дома“, потенцирајте ги природните последици од однесувањето на вашето дете. Последиците треба да бидат логички поврзани со однесувањето, треба да бидат непосредни и треба да му се соопштат смирено на детето.

5-frazi-shto-ne-treba-ad-im-gi-kazhuvate-na-decata-03.jpg

„Оди во своја соба“

Предноста на „паузата“ е што му дава можност на детето да размисли за неговото однесување. Но, ова важи само ако претходно мирно сте разговарале за проблемот и однесувањето на вашето дете.

Уште поважно, „паузите“ треба да го зајакнат социјалното однесување. Казнувањето на детето со одење во соба е последното нешто што родителите сакаат да го направат. На крајот на краиштата, родителот не знае што прави детето во собата по „лошото“ однесување.

Што и да прави детето во неговата соба, сигурно не размислува за неговото однесување.

5-frazi-shto-ne-treba-ad-im-gi-kazhuvate-na-decata-05.jpg

„Зошто не можеш да бидеш повеќе како сестра ти/брат ти?“

Ривалството може да биде неверојатно штетно. Покрај тоа, насилството или нетолеранцијата во семејниот дом почесто се појават меѓу браќата и сестрите, отколку меѓу родителите и децата.

Наместо да прават непотребни споредби, родителите ќе постигнат повеќе ако ја охрабрат соработката меѓу децата.

5-frazi-shto-ne-treba-ad-im-gi-kazhuvate-na-decata-04.jpg

„Сам си го бараше“

Воспитувањето на дете со закана за насилство е докажано најдобриот начин за создавање антисоцијални, насилни возрасни лица, особено ако заканите доведуваат до дела.

Ова е најлошата од сите фрази и едноставно треба да исчезне од вокабуларот на сите родители.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...

Најчитани неделава