Знаци кои покажуваат дека е време за сериозен разговор со вашето дете

Изолирање

На секое дете одвреме-навреме му е потребно време за себе. Но ако сте забележале дека вашето малечко се изолира од сите, можеби постои некој посериозен проблем.

Воглавно, децата сакаат да се социјализираат и да се дружат, па веројатно постои посериозна причина за желбата за изолација.

Во овој случај можете да поразговарате и со наставниците на детето кои ќе ви кажат дали забележале промени во неговото однесување.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-porazgovarate-so-vasheto-dete-06.jpg

Тешкотии со концентрацијата

Сите деца сакаат да мечтаат, но сепак успеваат да ги завршат домашните задачи. Па доколку вашето дете почнува да има тешкотии со концентрацијата, важно е да откриете зошто е тоа така.

Прашајте го дали го мачи некој проблем или има друга причина за ова однесување.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-porazgovarate-so-vasheto-dete-07.jpg

Опсесија и компулсивно однесување

Опсесијата и компулсивното однесување се нормален дел од детскиот развој, сè додека не почнат да пречат во секојдневниот живот.

Ако забележите дека вашето дете се однесува поопсесивно од вообичаено, разговарајте за тоа.

Ако проблемот е посериозен, можете да се консултирате и со професионалец.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-porazgovarate-so-vasheto-dete-08.jpg

Ненадејни промени во спиењето

Задачата на секој родител е да му помогне на детето да развие здрави навики за спиење. Всушност, неквалитетниот сон е поврзан со пречки во физичкиот и емоционалниот развој.

Ако сте забележале дека вашето дете има проблеми со несоница, спие повеќе од вообичаено или постојано се чувствува изморено, треба да ја најдете причината за тоа.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-porazgovarate-so-vasheto-dete-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg