Зошто бабите се подобри и „помеки“ со внуците отколку со нивните деца?

Сте забележале ли дека бабите понекогаш се многу поразлични кон внуците отколку кон нивните деца во минатото? Она што за децата било забрането, за внуците е дозволено.

Zosto babite poveke gi sakaat vnucite otkolku nivnite deca 01

Секако, тоа не значи дека овие жени не ги сакале доволно своите деца или внуците им се подраги од сопствените деца, едноставно кога се баби имаат различни приоритети, гледаат поразлично на работите, па затоа и се однесуваат поразлично кон внуците.

Неколку причини зошто ни изгледа дека бабите повеќе ги сакаат внуците:

Колку се луѓето постари, толку се помеки и попаметни

Жените најчесто стануваат баби кога веќе проживеале живот полн со избори и разочарувања. Со овие научени лекции стануваат помеки, позрели и поотворени за градење на значајни односи со други луѓе, почнувајќи од нивните внуци.

Знаат дека не е страшно на децата некогаш да им дозволат да се опуштат со некои задоволства кои ги исполнуваат и дека треба да им го направат детството безгрижно. А, веќе имаат искуство во тоа.

Бабите имаат различни приоритети

Кога станувате баба, вашите приоритети се менуваат. Вашите деца се возрасни и не треба да им помагате цело време. Конечно имате време да бидете со внуците.

Сега сте поблиску до пензија отколку кога сте биле родители, или веќе сте во пензија и можете да го искористите тоа време за да ги научите вашите внуци сè што знаете.

Внуците ви се повторна светла точка во животот после долго време, повторно имате малечки радосни деца кои ќе ви го разубавуваат монотоното секојдневие и подготвени сте на сè за нив. 

Бабите не се критични како родители

Родителите понекогаш можат да бидат многу критични кон своите деца, што ги фрустрира двете страни.

Бабите пак, не ги казнуваат своите внуци за лошо однесување, како што некогаш правеле со своите деца. Бабите секогаш се обидуваат да ги придобијат внуците и многу често родителите се во конфликт со нив заради различните ставови. 

Zosto babite poveke gi sakaat vnucite otkolku nivnite deca 02

Можат да го направат она што не успеале да го направат со нивните деца

Кога жените стануваат баби, тие со своите внуци можат да сторат сѐ што немале можност да го прават со своите деца. Можат да ја изразат својата љубов без стресот, одговорноста и грижата што ја имаат нивните родители.

Знаат што треба, а што не треба, што штети, а што е непотребна грижа и надоместуваат за сите изгубени моменти со децата, бидејќи сега знаат колку брзо поминува времето.

Улогата на бабата е помалку стресна и комплицирана од родителството

Родителите се одговорни за образованието на детето и основните потреби, така што бабите ја немаат оваа улога. Улогата на бабата е важна, но таа ги нема истите одговорности како родителите.

Нивната улога е насочена кон обезбедување емоционална поддршка и давање совети.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...

Најчитани неделава