„Јас можам да направам сè!“ – 3-годишно момче го освои светот со неговите позитивни афирмации (видео)

Одвреме-навреме на сите ни е тешко да се справиме со предизвиците што ни ги приредува животот. Вo тие моменти, понекогаш не ни останува ништо друго освен да си кажеме неколку охрабрувачки зборови.

jas-mozham-da-napravam-se-3-godishno-momche-go-osvoi-svetot-so-negovite-pozitivni-afirmacii-video-01.jpg

Токму поради тоа, мантрите и позитивните афирмации станаа алатка што ја користат многумина во тешките моменти.

Една мајка решила да му го пренесе ова знаење на нејзиното дете и дефинитивно го направила вистинскиот чекор.

Алиса е мајка на 3-годишниот Ајан која кон крајот на минатата година објавила видео од нејзиното дете. Видеото се прослави дури сега, а на него се гледа малиот Ајан како оди на училиште, а притоа си ги повторува неговите утрински афирмации. Одејќи, малото дете повторува:

„Јас сум паметен. Јас сум благословен. Јас можам да направам сè!“

View this post on Instagram

A post shared by Alissa Holder 📍NYC (@alissa360style)

Во описот на видеото Алиса вели дека му ја кажала оваа афирмација на Ајан на неговиот втор роденден.

„Се надевав дека ќе ја запомни, ќе ја разбере и ќе ја користи за мотивација кога и да му затреба. Па, ова утро ме шокира. Одеднаш почна да ја повторува, па веднаш го извадив телефонот. Ја заврши (со ентузијазам), штом стигнавме до нашата дестинација. Многу сум горда на личноста во која расте моето дете“, напишала мајката.

Деновиве видеото стана хит, а на објавата има над 5.000 коментари од восхитени луѓе.

Пред речиси две години, Алиса го снимала Ајан додека тој ги учи афирмациите, и го објавила видеото.

„Ова утро почнавме со позитивните афирмации на Ајан што ќе си ги повторува секој ден. Иако можеби сега не ги разбира зборовите, ќе порасне и ќе сфати што значат и колку се вистинити“, напишала Алиса.

Изгледа сите можеме да научиме нешто од Алиса и нејзиното дете. Кога се чувствувате лошо или сте соочени со голем предизвик, повторете си ги зборовите на малиот Ајан и верувајте дека и вие можете да направите сè.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
Ние мајките постојано се извинуваме - за немирното дете, за нечистиот дом, затоа што ни е потребен о... Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што ...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg