Искуство на мајка: Зошто не треба да ги кревате децата држејќи ги за раце?

„Дури кога стигнавме дома, забележав дека не ја мрда раката нормално. Почна да плаче и ѝ реков да проба да ја свитка раката. Тогаш ми текна дека татко ѝ ја вртеше држејќи ја за рацете и знаев дека нешто не е во ред.“ – вели мајката во предупредување за сите родители.

iskustvo-na-majka-zoshto-ne-treba-da-gi-krevate-decata-drzhejkji-gi-za-race01.jpg

Многумина имаат навика да си играат со децата така што ги креваат и вртат држејќи ги за рацете, навика за која многумина велат дека е лоша, но никој не знае зошто. 

iskustvo-na-majka-zoshto-ne-treba-da-gi-krevate-decata-drzhejkji-gi-za-race05.jpg

Според експертите, децата до 4 години имаат послаби лигаменти и помалку развиени коски, што значи дека се во поранлива состојба и може да дојде до изместување на рамото или лактот.

iskustvo-na-majka-zoshto-ne-treba-da-gi-krevate-decata-drzhejkji-gi-za-race03.jpg

Иако повредата е болна, сепак не остава долгорочни штети, но во секој случај е препорачливо да се избегнува оваа активност. Како што децата растат, така стануваат поотпорни на оваа повреда.

iskustvo-na-majka-zoshto-ne-treba-da-gi-krevate-decata-drzhejkji-gi-za-race04.jpg

Мишел Стејн е мајка на три деца, а решила да го сподели нејзиното лошо искуство кое открива зошто треба да ја избегнувате оваа навика.

„Бевме на роденденска забава. Нашата двегодишна ќерка беше свртена кон сопругот и го држеше за раце додека си ја префрлаше цела тежина наназад. Сопругот продолжи да ја влече и поткрева и по малку да ја врти. Таа мислеше дека е забавно, додека престана да биде забавно.

Немавме поим што се случи кога почна силно да плаче. Тоа се случи откако помина нејзиното вообичаено време за спиење , па мислевме дека е изморена или лута што престана да си игра со татко ѝ. Ја држев во прегратка додека не заспие. Но, кога се разбуди, повторно почна да плаче.

Дури кога стигнавме дома забележав дека не ја мрда раката нормално. Почна пак да плаче и ѝ реков да проба да ја свитка раката. Тогаш се сетив дека татко ѝ ја вртеше држејќи ја за раце и знаев дека нешто не е во ред. Беше недела вечер и ја однесовме на ургентно.

Докторот веднаш се посомнева на изместен лакт. Ја стави едната рака на нејзиниот лакт, а потоа направи некој чуден потег за да ѝ го врати на место. Веднаш престана да плаче и почна да ја мрда раката нормално.

Мило ми е што ја однесовме бидејќи можевме да направиме повеќе штета ако сами пробувавме да ѝ помогнеме. Сопругот се чувствуваше виновно што несвесно ѝ предизвикал болка на ќерката со која и претходно си играл така, но никогаш не се случило ништо, но сепак – ја научивме грешката!“

iskustvo-na-majka-zoshto-ne-treba-da-gi-krevate-decata-drzhejkji-gi-za-race02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава