„Ти си жена, ти си мајка, не ти доликува да се однесуваш вака“… додека не збудалиш угодувајќи им на сите!

И покрај сета слобода која навидум ни ја нуди денешницата како припаднички на „понежниот пол“, сè уште нè влечат одредени стереотипи од минатото назад во истото. И тоа ни помалку ни повеќе – од други жени, најчесто нашите мајки, постари тетки, баби, комшивки. Патем, ова е добар момент само на кратко да го начнеме тоа „понежниот“ пол.

Ti-si-zena-ti-si-majka-01.jpg

Ниту сме понежни, ниту така кршливи. Силни сме, моќни, можеме да поднесеме подеднакво голем товар како и секој маж, ако не и поголем. Особено ментален и емоционален. А и физички. Сепак не се разболуваме смртно од едно посилно ветерче. Но, за тоа – друг пат.

„Ти си жена, не ти доликува да се однесуваш така“. Колку пати сте го слушнале тоа? Жена си, имаш маж покрај себе, зошто имаш потреба од машки другари? Ама си чудна. Мажена жена си, зошто одиш после работа на пијалак со колегите? Зарем колега те врати дома со неговиот автомобил? Жена си, не ти доликува да се облекуваш така. Да зборуваш така, да се смееш толку гласно, да се шминкаш така нападно. Жена си, прибери се!

„Ти си мајка, детето треба да ти е пред сè друго!“ Детето да ти е избањато, нахрането, облечено, да нема дамка на него. Да не дозволиш да ти падне, недај боже да има џумка или рана на коленцето. Да не го испуштиш од вид. Да му пееш, да се смееш и кога не ти е дојдено до тоа. Да раскажуваш приказни, да готвиш јадења, да пакуваш подароци, да купуваш играчки. Да го анимираш, да го занимаваш, да го тешиш, да го воспитуваш, секоја минутка посветена на тоа. До кога? Веројатно додека не се збудалиш.

Угодувајќи им на сите околу себе, на крајот ќе се запоставиш себеси. Ќе се изгубиш во вителот на совршена сопруга и мајка и ќе заборавиш која си и што си. Да, убаво е да се биде мајка и нечија жена. За некого и најубаво. Но не заборавај, многу повеќе си од мајка на Дамјан и жена на Марко. Што беше пред нив? Кој беше твојот идентитет?

Луѓето се сурови и злобни. Сакаат да те натераат да се чувствуваш виновно ако си одвоиш време за себеси. Да си направиш фризура, да излезеш со друштвото макар и на половина час. Да се прошеташ, да се дотераш, да прочиташ 15 страници од книгата во тишина. Да си испиеш една чаша вино или ракија. Да си го испиеш кафето во мир, да зјапаш во една точка без да мислиш на ништо … да го правиш она што ти го сакаш, макар и на момент, макар на кратко.

Ти наметнуваат грижа на совест – ете ја, себична, не го гледа мажот, го остави детето. Да, го оставив. Ќе поседи со маж ми половина час, два часа, пет … затоа што е и негово дете. Делиме подеднаква одговорност. Да, излегов да се прошетам. Да, ми треба време за фризер. Да, сакам да завршам една книга, макар ја читала и 2 месеци со паузи. Да, јас сум сопруга и мајка, но пред сè останато сум ЖЕНА. И морам да внимавам на себе и своето ментално и физичко здравје. Нема да вредам никому ништо, а најмалку себеси, доколку се разболам.

И да, светот нема да престане да се врти ако си посветам време на себеси и за момент ги оставам мажот и детето сами. Ќе се снајдат. Ќе преживеат. Исто како што ќе преживеете и вие со неповиканите мислења, наметнувајќи им на останатите мајки грижа на совест поради тоа што не се совршени, најжени и најмајки на светов и веков како вас. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава