„Вака изгледа неплодноста, 164 инјекции, безброј солзи и молитви – по 4 години носам девојче во стомакот“

Од небројни докторски прегледи, проверки на крв до кршење на срцето одново и одново, жена отворено говори за тежината на борбата со неплодноста...

ova-e-neplodnosta-164-injekcii-solzi-i-molitvi-po-4-godini-nosam-devojche-vo-stomakot-01.jpg

Кендал Витам е една од многуте жени кои се борат со неплодноста. Разликата е во тоа што таа говори јавно и на својот Инстаграм профил споделува детали од тешката 3-годишна борба.

Сега Кендал е бремена со помош на донор на јајце клетка.

Таа објави емотивна фотографија за битката со неплодноста:

Ова е неполодноста

Толку многу мисли и емоции во една фотографија... Чувствувам како да не знам што да кажам.

164 инјекции + небројни:
Докторски прегледи,
Проверки на крв,
Процедури,
Кршење на срцето,
Главоболки,
Солзи
И молитви.

Во текот на последните 4 години сфатив колку сум силна. Не ме сфаќајте погрешно, имав многу моменти на слабост. Но, никогаш не се откажав. НИЕ никогаш не се откажавме. Иако бевме блиску до тоа по нашето второ неуспешно асистирано оплодување.

Никогаш не замислував дека ова ќе биде нашата приказна. Еве сум 19.5 седмици бремена со нашето посвоено мало девојче во стомакот. Ова беше судено да биде нашата приказна. И ми е омилената за раскажување.

Мојот најголем совет ако сте во иста ситуација и чекате е... никогаш не откажувајте се. Вреди да се борите за тоа.

*Иглата на таблата е мојата последна инјекција (до следната бременост).

Прочитајте и Сања Камберска: „По илјадници таблети, стотици инјекции, безброј солзи ја добив мојата Каја“

Патот кој го „изодела“ Кендал низ фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...

Најчитани неделава