Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ја подобрите комуникацијата со вашето дете?

Немојте постојано да му наредувате

Треба да го научите детето на дисциплина, но тоа не треба да се чувствува како да е во воен камп. Ако, на пример, треба да си ги собере играчките, наместо да му викате и наредувате, подобро замолете го да го направи тоа.

Во сите слични ситуации, наместо да му давате наредби на детето, подобро објаснете му зошто тоа треба да си ги собира играчките, зошто треба да ја напише домашната и слично.

kako-da-ja-podobrite-komunikacijata-so-vasheto-dete-07.jpg

Обрнете внимание на невербалната комуникација

Покрај зборовите што ги користите, исто важна е и невербалната комуникација. Ако, на пример, не му викате на детето, но гневот на вашето лице е повеќе од очигледен, зборовите сепак ќе предизвикаат страв кај него.

Зборувајте за она што е правилно и она што е погрешно

Наместо да го критикувате детето секојпат кога ќе направи грешка, одвојте време за разговор и кажете му што е правилно, а што погрешно.

Нормално, укажете му (смирено) кога ќе направи грешка, но не заборавајте и да му кажете и кога направило нешто добро. Едноставно, обидете се да се фокусирате и на позитивните нешта.

kako-da-ja-podobrite-komunikacijata-so-vasheto-dete-09.jpg

Заборавете на споредбите и навредите

Немојте да му викате на детето дека е лошо, неумно, глупаво или што било слично. Овие зборови можат да остават сериозни последици и да ја разнишаат неговата самодоверба.

Истовремено, немојте да го споредувате детето со другите. Немојте да му викате затоа што тоа имало лоши оценки, а неговиот другар бил одличен.

Фокусирајте се на недостатоците на детето и помогнете му да ги надмине, но никогаш не користете споредби или лоши зборови како мотивација.

Прифатете ги и признајте ги неговите чувства

Не заборавајте дека чувствата на детето се исто реални колку и вашите. Кога детето ќе ви каже дека е тажно, исплашено или што било, никако немојте да го игнорирате.

Ако не му дадете простор да ги искажува своите чувства пред вас, тоа ќе почне да се затвора, а ова дефинитивно ќе му предизвикува проблеми подоцна во животот.

Добро би било и секојпат кога дете ќе ви рече „Се чувствувам …“, да му предложите да разговарате за неговите чувства, но и да му покажете сочувство.

kako-da-ja-podobrite-komunikacijata-so-vasheto-dete-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg