Како да препознаете доцнење во говорот кај вашето дете?

Јазично одложување е кога детето има потешкотија во разбирањето и/или користењето на вербалниот говор. Отстапувањата не соодветствуваат на возраста на детето и може да се сретнат во повеќе облици.

kako-da-prepoznaete-docnenje-vo-govorot-kaj-vaseto-dete-01.jpgфото: depositphotos.com

Одредени говорно-јазични отстапувања се поврзани и со други состојби, како што е Down-синдромот, аутистичниот спектар, глувост и слушни оштетувања.

Кога да побарате помош?

Секое дете различно го развива својот говор и јазик. Споредувањето на Вашето дете со други деца, нема да Ви даде точна слика за она што недостига или претставува потешкотија за детето.

Најдобриот чекор кој може да го направите е да побарате професионална поддршка доколку голем дел од долунаведените знаци се присутни кај Вашето дете.

На 12 месеци

  • Детето не се обидува да користи звуци, гестови или било каков говор кога сака нешто или му е потребна помош.

На 2 години

  • Нема фонд на зборови од околу 50-ина зборови, кои ги комбинира во кратки реченици на пр. "Дај мама".
  • Не користи спонтан говор туку само ги имитира туѓите и фрази, зборови, се чини дека не разбира што му зборувате.
  • Голем дел од дечињата на оваа возраст се соочуваат со потешкотии во развојот на говорот, без при тоа да имаат и други симптоми кои укажуваат на некоја друга состојба.

На 3 години

  • Не ги комбинира зборовите во подолги фрази или реченици. На пр.: "Сакам да пијам вода".
  • Се чини дека не разбира покомплицирани налози. Како на пр." Оди облечи ги чевлите и донеси ми ја јакната".
  • Не поставува прашања.
  • Не покажува интерес за игри, читање книги итн.

Важно е да се препознаат одложувањата навремено, и секогаш кога ќе забележите некое отстапување од очекуваното, побарајте стручна помош.

Бројни совети за говорна стимулација може да најдете на Инстаграм профилот на логопедскиот кабинет Среќичка.

Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот Симона В. Николовска, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: „Моето дете има две години и сè уште не зборува“ - на прашање од родители одговара логопед Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава