Како правилно да препознаете каков талент поседува вашето дете?

Една од најважните работи при растот и развојот на вашето дете е навременото откивање на неговиот талент.

Kako-pravilno-da-prepoznaete-kakov-talent-poseduva-vasheto-dete 01 630x330.jpgфото: freepik & pixabay

Научници од Австралија во 2017 година заклучиле дека голем број на деца имаат посебен, таканаречен „вроден подарок“, но ако не се посвети внимание на време тој талент едноставно останува неискористен.

Кога детето се фокусира на активности со кои се справува лесно или поинаку кажано „оние кои му одат“ подобро од другите, затоа што тие се всушност она што го интересира, тогаш тој или таа развива чувство на самодоверба и безбедност, две работи кои се клучни за здраво растење на секое дете.

Родителите кои навреме учествуваат во активностите на своите деца, можат да препознаат за што се интересира нивното дете и заедно да работат на истото.

Kako-pravilno-da-prepoznaete-kakov-talent-poseduva-vasheto-dete 02 630x420.jpg

Тие треба да внимаваат на секојдневните активности на нивните деца за да видат што најмногу ги интересира и што им е потребно со цел да напредуваат.

Затоа, психолозите препорачуваат родителите да учествуваат во секојдневијата на своите деца, редовно да одат на родителските состаноци во училиште или во градинка, воедно да ги следат знаците кои нивното дете ги покажува.

Иако навидум можеби изгледа „просто“, но она што детето сака да го гледа на телевизија, сликовниците коишто сака да ги чита се најверојатно првите знаци кои ќе ги забележите.

Kako-pravilno-da-prepoznaete-kakov-talent-poseduva-vasheto-dete 03 630x420.jpg

Ако забележите дека вашето дете поминува доста време решавајќи математички задачи, дури и по завршувањето на домашна задача или пак преферира да црта и бои со часови, без да се пожали дека му е здодевно, вие веќе го имате одговорот во вашите раце.

Дополнителните часови, курсеви, тренинзи и активности се одлични опции, достапни за да му помогнат на вашето дете да продолжи да се развива во она што всушност вистински го сака.

Една од најважните работи е оваа „дополнителна“ обврска да не биде наметната на погрешен начин и на никој начин да не се врши притисок врз детето.

Доколку детето почувствува најмала доза на притисок од страна на родителот, не само што може да престане да биде заинтересирано, туку и ќе покаже лоши резултати бидејќи веќе нема да го гледа истото како задоволство и предизвик, туку како форсирање.

Kako-pravilno-da-prepoznaete-kakov-talent-poseduva-vasheto-dete 04 630x420.jpg

Родителите мора да се потрудат и да го пронајдат балансот, за да не го достигнат тој непосакуван контра-ефект.

Ако талентот на детето е забележан на време, тој треба да биде правилно насочен, да се обезбедат услови за него, но не и истата активност да се наметне како обврска, што тие без разлика на сѐ мора да ја извршат.

Не заборавајте секојдневно да го поддржувате вашето дете, без разлика на неговите афинитети, таленти и желби.

Оставете го да ужива во она што го прави, затоа што човекот може да биде најдобар единствено во нештата кои ги прави од љубов и лични задоволства.

Kako-pravilno-da-prepoznaete-kakov-talent-poseduva-vasheto-dete 05 630x420.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Најважните вештини кои детето ги учи во градинка (и се поважни од чување дома) Градинката не е само игра. Тоа е место каде детето првпат учи како да биде дел о...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....

Најчитани неделава