Инфлуенсерка: „Кога објавив дека сум бремена, ме „нападнаа“ со понуди за рекламирање креми за стрии, програми за исхрана...“

Сара е блогерка и Инстаграм инфлуенсерка од Стокхолм, Шведска. Таа е мајка на две деца, и наскоро го очекуваат и третото. Секојдневно споделува корисни совети и искуства практични и погодни за сите мајки и идни родители.

instagram-influenserka-koga-objaviv-deka-sum-bremena-me-napadnaa-so-ponudi-za-reklamiranje-kremi-za-strii-programi-za-ishrana-01.jpg

Таа направи еден краток осврт и охрабрување за сите жени и свесноста за нивните тела:

Кога на Инстаграм споделив дека сум бремена по третпат, инбоксот ми беше полн со понуди за рекламирање на креми за стрии, програми за исхрана од типот „не треба да јадеш за двајца“, витамини за бременост, програми за вежбање како „да останам во форма“. 

Кога се породив првиот и вториот пат, инбоксот ми беше полн со понуди за рекламирање производи и програми од типот „врати си го телото во нормала“, како да си го замените оброкот со шејк, како да спречите опаѓање на косата, програми за вежбање за враќање на стомакот и градите во нормала.

Ова беа пораки, понуди и мејлови кои постојано ми велеа дека промените на моето тело кои се случуваат во бременоста и мајчинството се нешто кое треба да се спречи или поправи. Рекламирање кое предизвикува да се чувствувам несигурно за моето тело и да посакам да ги купам нивните производи за да се вратам во „старата нормала“ и да се сакам повторно себеси. Производи кои наметнуваат очекување да изгледам исто како што сум изгледала 9 месеци пред да создадам и израснам нов живот во мене (ако читаме меѓу редови).

Телото на жените поминува низ толку многу промени за време на бременоста, раѓањето и по раѓањето. Ранливи сме, некои ќе добијат стрии, некои лузни, некои повеќе килограми, некои со мака ќе ја одржат тежината нормална.

Постојано сме подложни на овие „луди“ очекувања и идеали за женското тело особено во времето кога сме подложни на огромни хормонални промени, кога имаме недостиг на сон или постпородилна депресија. Последното нешто што сакаме да го слушнеме е било што освен фактот дека сме силни и прекрасни. Затоа што тоа е единственото нешто кое е вистинито и важно. Точка.

Нашите тела се менуваат затоа што така треба, и не треба да го спречуваме ова или да нè загрижува. Создаваме нов живот и нема да ни е важно дали го имаме „старото тело“, на работите навистина ќе гледаме поинаку. Затоа не дозволувајте која било реклама и пропаганда да ве убеди во спротивното.

Извор

Би можело да ве интересира:

Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со ... „На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборував...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава