Педијатрите препорачуваат: 7 причини зошто да не му купувате мобилен телефон на детето до 12 години

Децата до втората година воопшто не треба да се изложуваат на технологија, додека од 3 до 5 години, тоа изложување не смее да трае подолго од 1 час во денот, според Американската педијатриска академија и Канадското здружување на педијатри.

pedijatrite-preporacuvaat-7-pricini-zosto-da-ne-mu-kupuvate-mobilen-na-deteto-do-12-godini-001.jpg

И дали овие препораки некој ги слуша? Главно не, бидејќи во секојдневието децата се изложени по 4 до 5 часа пред екран.

Педијатрите препорачуваат детето да нема свој мобилен телефон до 12-тата година, поради подобра контрола со која ќе може да се ограничи неговото време поминато пред екран.

Овој став педијатарот Крис Рован го „брани“ со неколку аргументи - прочитајте дел од нив во продолжение:

1. Мозокот непрекинато се развива до 21 година, а претераната изложеност на паметни уреди негативно влијае на работата на мозокот и предизвикува недостаток на внимание, отежнато учење, зголемена импулсивност и намалена способност за самоконтрола.

2. Употребата на технологија ја намалува потребата за физичко движење, што предизвикува одложен развој.

3. Децата на кои им е дозволено да гледаат телевизија или во мобилен повеќе часа дневно, имаат 30% прекумерно поголема тежина од останатите.

4. На ¾ од дечињата на возраст помеѓу 9 и 10 години им недостасува сон, поради недоволната контрола од страна на родителите. Тоа влијае и на успехот и концентрација во училиште.

5. Прераната и пречеста употреба на паметни уреди е тесно поврзана со појавата на анксиозност и депресија кај децата.

6. Агресивноста е многу почеста кај децата кои се подолго изложени пред телевизија, мобилен телефон или интернет игри, зависно од содржината која ја следат.

7. Секое 11-то дете на возраст помеѓу 8 и 18 години е зависно од технологија (оваа бројка досега може и да е зголемена).

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава