Баба ми и дедо ми беа неразделни, а откако таа нѐ напушти, тој почина од тага по неа

Баба ми и дедо ми беа луѓе од „стар ков“. Мирни, фини, домаќини луѓе, луѓе кои умееја да штедат. Луѓе кои од практично ништо направија нешто. И ако нешто ми останало во убаво сеќавање покрај многуте драги спомени, беше начинот на кој се однесуваа еден кон друг.

Baba-mi-i-dedo-mi-bea-nerazdelni-01.jpgфото: pixabay.com

Тие си разговараа. Се смееја. Си споделуваа тајни. Се советуваа. Си помагаа еден на друг. Се почитуваа. И едниот и другиот беше подготвен за компромис, да попушти тогаш кога кавгата се движеше кон точката на кулминација. И речиси секаде одеа заедно.

Баба ми почина прва после краткотрајно боледување. Дедо ми беше неутешен, расплакан како мало дете. „Си замина, ете, си замина. Ме остави сам. А за каде е сега човек, сам на светот?“

За него таа беше целиот негов свет. И по само неколку месеци и тој нè напушти. Тогаш сфатив што сакаа да кажат другите кога велеа дека некои луѓе се толку приврзани еден кон друг, што умираат од тага по нив. Тоа се случи токму со нив.

Лесно е да си со некој во убавото. Остани со него да те видам кога ќе дојде грдото. Остани покрај некој кога ќе се појават проблемите. Кога ќе снема пари. Кога некој ќе се разболи. Кога нечие тело ќе се изобличи, ќе остари, ќе свисне.

Баба ми и дедо ми ги поминаа сите премрежија, подеми и падови. И останаа еден покрај друг до последниот здив. Каде и да се, се надевам дека им е светло на патот и дека се заедно.

Кога понекогаш се прашуваме меѓусебно дали љубовта може да трае вечно, современото време денес ме тера да се замислам.

А кога ќе помислам на баба ми и дедо ми, ми се разлева насмевка и некоја топлина ми ја грее душата. Само тогаш можам да одговорам – да, љубовта понекогаш може да трае вечно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава