Мајка предизвика онлајн дебата: „Син ми (5) два дена не ги крева играчките, па му ги собрав во вреќа за ѓубре“

Расфрлани играчки насекаде, расфрлани боички, облека – тоа е секојдневието на секоја мајка на мали деца. И додека некои мајки само собираат по нивните деца и се обидуваат да ги научат на ред, оваа мајка покажа друг метод на справување со проблемот, што предизвика спротиставени реакции.

Majka-predizvika-sprotivstaveni-reakcii-Dva-dena-go-molam-sinot-da-ischisti-zatoa-shto-nesaka-kje-mu-gi-soberam-igrachkite-za-vo-gjubre-01.jpg

Некои сметаат дека оваа мајка е сурова, а други ја поддржуваат. Табата е мајка на 5-годишно дете која во објава на ТикТок откри со која метода се служи кога нејзиното дете не сака да си ги среди собата и играчките.

Мајката вели дека два дена по ред го молела детето да ја среди собата што била преплавена од играчки, а тој ѝ рекол таа да исчисти сама.

„Секако ќе го направам тоа“ - рече таа и зема вреќи за ѓубре и почна да ги собира играчките.

На крајот на видеото, мајката покажа дека собата е беспрекорно чиста, а играчките се собрани во вреќи.

„Нема да одгледам син што не ги почитува жените. Чистењето не е работа на мајката или на жената, ако си направил неред ќе си исчистиш“ - вели таа.

Многумина ја обвинуваат и велат дека е премногу строга и дека можеби би требало да почне да чисти заедно со него, па да го остави сам да ја заврши работата.

Други пак, сметаат дека ваквите методи се премногу строги затоа што детето е мошне мало.

Но, има и мајки што ја поддржуваат и што велат дека ја користеле истата метода со нивните деца.

Погледнете го видеото:

@tabathamarie

I hated seeing the look on his face when he seen his room. It hurt me just as much but my babies will not be disrespectful #parenting #fyp #foryoupage

♬ original sound - Tabatha Marie

Инаку, веројатно Табата, како и другите мајки, не ги фрлаат играчките, туку само ги ставаат во вреќи за да ги научат децата дека треба да си го исчистат нередот.

Што мислите вие? Дали ваквиот метод би бил продуктивен или треба да ги оставиме децата да бидат деца?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Не, моето дете не мора да ги дели играчките со вашите деца! „Дај му ја играчката на Лука, ќе си поигра и ќе ти ја врати“, „Нека го повози ма...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg