„Чекав 20 години!“ – 49-годишна жена го роди своето прво дете со асистирано оплодување со донирани јајце клетки


„Чекав 20 години!“ – 49-годишна жена го роди своето прво дете со асистирано оплодување со донирани јајце клетки

49-годишната Чантел чекала 20 години да стане мајка, а годинава конечно ѝ се исполни желбата. После осум години обидување со нејзиниот сопруг и еден спонтан абортус, таа се одлучила за асистирано оплодување со донирани јајце клетки и неколку месеци пред нејзиниот 50-ти роденден, го родила нејзиното синче.

chekav-20-godini-49-godishna-zhena-go-rodi-svoeto-prvo-dete-so-veshtachko-oploduvanje-so-donirani-jajce-kletki-01.jpg

Чантел Чавез од Британска Колумбија и нејзиниот сопруг осум години се обидувале да добијат дете, а оваа година конечно им се исполнила желбата. Чантел имала асистирано оплодување со донирани јајце клетки и само неколку месеци пред нејзиниот 50-ти роденден, го родила првото дете со царски рез.

„Чекав 20 години за да станам мајка. Сакав да држам мое дете во рацете и уште не ми се верува дека ова конечно се случи“, вели среќната мајка.

chekav-20-godini-49-godishna-zhena-go-rodi-svoeto-prvo-dete-so-veshtachko-oploduvanje-so-donirani-jajce-kletki-05.jpg

Чантел и нејзиниот сопруг се запознале пред околу девет години, а се вериле три месеци подоцна. Откако се венчале почнале да разговараат за проширување на семејството. Сопругот, Еленилсон, веќе има возрасни деца и внучиња од претходен брак.

Кога Чантел и Еленилсон се венчале, на новата мајка ѝ било јасно дека нејзината возраст може да претставува проблем, но сепак се надевала дека ќе може да остане бремена без асистирано оплодување.

„Се обидувавме осум години, уште кога имав 41 година, и единствено жалам за тоа. Ни требаше многу повеќе време бидејќи сметав дека ќе можам да останам бремена. Воопшто не бев свесна колку ми се мали шансите за бременост на таа возраст“, открива Чантел.

chekav-20-godini-49-godishna-zhena-go-rodi-svoeto-prvo-dete-so-veshtachko-oploduvanje-so-donirani-jajce-kletki-07.jpg

49-годишната жена ја споделува нејзината приказна со надеж дека ќе им помогне на другите жени на нејзина возраст.

„Сакам другите жени кои се во нивните 40-ти да бидат пореалистични и да нѐ чекаат колку мене пред да пробаат асистирано оплодување“.

Кога Чантел имала 42 години, останала бремена, но, за жал, доживеала спонтан абортус.

„Бевме многу тажни. Тогаш мислев дека никогаш нема да станам мајка. Тоа беше најмрачниот период од мојот живот. Не ми беше јасно што е проблемот и тагував неколку години“.

chekav-20-godini-49-godishna-zhena-go-rodi-svoeto-prvo-dete-so-veshtachko-oploduvanje-so-donirani-jajce-kletki-03.jpg

После спонтаниот абортус Чантел се консултирала со лекар, кој ѝ кажал дека може да проба асистирано оплодување, но не со нејзини јајце клетки.

„Лекарот ми рече дека нема шанси да останам бремена со асистирано оплодување со мои јајце клетки, но никако не сакав да го прифатам тоа“.

Чанел и сопругот се обидувале уште пет години, а потоа таа сфатила дека лекарот сепак бил во право. Таа вели дека во моментот кога се одлучила да проба со донор на јајце клетки не ѝ било важно како ќе остане бремена, туку само сакала да има дете.

chekav-20-godini-49-godishna-zhena-go-rodi-svoeto-prvo-dete-so-veshtachko-oploduvanje-so-donirani-jajce-kletki-06.jpg

Откако останала бремена, Чантел била свесна за ризиците поради нејзината возраст, но за среќа бременоста поминала одлично.

„Немав утринска мачнина ниту какви било други проблеми. Кога ќе ја земете предвид мојата возраст, очигледно сум имала многу среќа. Уште не ми се верува дека се случи ова. Вештачкото оплодување е неверојатен подвиг во медицината“.

Новите родители имаат замрзнато уште неколку јајце клетки од донор, а Чантел вели дека ако сака уште едно дете, ќе мора да го направи тоа во текот на следната година поради нејзината возраст.

„Јасно ми е зошто на лекарите им е страв да прават асистирано оплодување на повозрасни жени. Имаме опција за уште едно дете, но ако сакаме тоа ќе мора да се случи во наредната година“.

chekav-20-godini-49-godishna-zhena-go-rodi-svoeto-prvo-dete-so-veshtachko-oploduvanje-so-donirani-jajce-kletki-04.jpg

Чантел вели дека семејството и пријателите ја поддржувале, но сепак биле загрижени за неа. Некои, пак, биле во неверување кога им кажала дека е бремена.

„Неколку луѓе беа шокирани кога им ја кажав возраста, па дури и ми рекоа дека јас и сопругот ќе сме имале сива коса кога нашиот син ќе заврши средно. Можеби ќе изгледаме како негови баба и дедо, но тоа не е важно, бидејќи тој е сакан“.

chekav-20-godini-49-godishna-zhena-go-rodi-svoeto-prvo-dete-so-veshtachko-oploduvanje-so-donirani-jajce-kletki-02.jpg

Чанел првпат посакала да има дете во доцните 20-ти, но тогаш немала партнер. Сепак, не се откажувала и верувала дека еден ден ќе ја најде својата сродна душа, и била во право. Истовремено, воопшто не ѝ е грижа што некои луѓе ја критикуваат за возраста:

„Луѓето им судат на мајките бидејќи се многу млади, многу стари, бидејќи работат, бидејќи не работат… Јас сум доволно возрасна за да знам дека ја направивме вистинската одлука, а тоа е најважно. Ѝ се радуваме на секоја минута. Чекав толку долго да станам мајка, што не ми е ни грижа што сега немам време за спиење“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...
Бебе научило да кажува „мама“ на 3-месечна возраст (видео) Уште едно бебенце со своите напредни вештини го воодушеви светот. Се сеќавате ли...
Фотка од татко што му менува пелена на своето дете во јавен тоалет стана вирален хит Дали сопствениците на локалите прават сè за да им го олеснат престојот на луѓето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg