30-годишна мајка: „По 3 спонтани абортуси, наместо второ дете, добив четворка“

По три спонтани абортуси Дејна Чајлдрес ја слушнала најубавата вест – дека повторно е бремена и тоа со четворка. Денес таа е мајка на 5 деца.

Po-tri-spontani-abortusi-dobila-cetvorka-Dejna-ima-30-godini-i-pet-deca-01.jpg

Дејна Чајлдрес од Охајо и нејзиниот сопруг Колби биле пресреќни кога по само еден месец обидување таа веднаш останала бремена и во 2015-тата година го добиле синот Колби. Но, кога по 9 месеци се обиделе да добијат второ дете се соочиле со проблеми.

Во наредните две години таа имала три спонтани абортуси, а поради тоа лекарите ѝ дале терапија за плодност.

Како што вели, во 2018-тата година лекарите ги предупредувале да не се обидуваат да станат родители тој месец, затоа што кај неа биле забележани 6 јајце клетки и поради тоа постоела голема шанса да добијат повеќе деца истовремено. Но, како што вели, и покрај предупредувањата таа и сопругот сепак се решиле да се обидат.

Po-tri-spontani-abortusi-dobila-cetvorka-Dejna-ima-30-godini-i-pet-deca-02.jpg

Дознале дека ќе добијат четири нови членови во семејството кога таа била во петтата недела од бременоста.

„На првиот преглед забележавме четири ембриона, но само кај две бебиња имаше срцева реакција, па мислев дека најверојатно ќе имам само близнаци и бев среќна, но бев уште посреќна затоа што имаше можност и за четворка“ – изјави таа.

Четирите бебиња Ото, Волоу, Сајмон и Вилис биле родени на 29-ти јуни во 2019-тата година, во 28-та недела од бременоста.

Сега, две години подоцна Дејна редовно споделува фотографии од нејзиниот живот како мајка на пет деца на социјалните мрежи.

Таа неодамна објави и видео на ТикТок и на Инстаграм што за брзо време стана вирално.

„Кога се обидуваш за бебе број 2, а добиваш бебе број: 2, 3, 4 и 5“ – напиша таа на него.

@helloquadruplets

? ##momlife ##babiesoftiktok ##toddlersoftiktok ##surprise ##quadruplets ##mom ##babies

♬ original sound - TRAP ??

Исто така до видеото се пошегува дека се надеваат дека ова нема да им се случи кога ќе се обидат за бебето број 6.

Ова воедно е едно од најгледните видеа на нејзиниот ТикТок профил и има 15.5 милиони прегледи. Таа воедно објавува и интересни видеа од секојдневните згоди и незгоди со кои се соочува како мајка на пет деца.

Погледнете повеќе фотографии од Дејна и нејзините деца:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава