10 причини зошто е добро детето да го оставите да си игра само
Една од грижите на родителите, во која било фаза од животот, е нивните деца да се развиваат правилно.

Понекогаш, правилниот развој го врзуваат со константна присутност, односно неоставање можност детето да го остават да истражува и игра самостојно.
Ова се 10 причини кои ќе ги охрабрат младите родители дека е сосема во ред да го остават детето понекогаш да си игра само, без грижа на совест:
1. Развива вкусови и интереси. Без притисок од околината знае што му се допаѓа, а што не.

2. Поттикнува себе-анимирање кое е повеќе од корисно во подоцнежните години.

3. Ја збогатува фантазијата, бидејќи има простор и време да си ги замислува работите.

4. Развива социјална независност. На тој начин кога ќе порасне нема да се срами да ги прави работите само.

5. Го зголемува чувството на смиреност.

6. Помага за полесно справување на емоциите.

7. Овозможува сигурност и безбедност, дека не мора постојано родителот да му помага за да биде сигурно.

8. Го олеснува патот кон едукацијата.

9. Се избегнува анксиозноста при одвојување од родителите.

10. Досадата е здрава – ги тера да измислуваат нови начини како да си го пополнат времето.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)?
Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата
„Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца?
„Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т...
„Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации
Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот...
„Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...