7 причини зошто братучедите ни се едни од најважните личности во животот

За сите заеднички преспивања еден кај друг, за сите детски лудории, први заеднички излегувања, исповеди и кажани тајни кои засекогаш остануваат во семејството - зошто братучедите ни се едни од највредните во животот?

7-prichini-zoshto-bratuchedite-ni-se-edni-od-najvazhnite-lichnosti-vo-zhivotot-1.jpg

Има нешто посебно во љубовта и поврзаноста помеѓу братучедите, уште од мали нозе, се согласувате ли?

Децата кои имале можност да растат со братучеди ја знаат вредноста на оваа близина и во спомените засекогаш ги чуваат моментите поминати заедно.

Дали постарите братучеди ве научиле на нешто за првпат? Ве однеле за првпат во кафуле или на забава? Сте си кажувале тајни и понекогаш сте се жалеле за родителите?

Зошто братучедите ни се едни од најважните личности во животот?

1. Затоа што ни се најдобри пријатели – со нив (и браќата/сестрите) ги правевме сите детски пакости, учевме многу работи еден од друг, со нив имавме многу први искуства, па еден на друг сме си најблиски заради сите работи низ кои сме минале.

7-prichini-zoshto-bratuchedite-ni-se-edni-od-najvazhnite-lichnosti-vo-zhivotot-02.jpg

2. Се заштитуваме еден со друг – посебно поголемите братучеди секогаш ни се одбранбен штит на помалите во секакви конфликтни ситуации, a во детството секогаш имавме кој да нè брани и чува кога е потребно. 

3. Тие ја разбираат ситуацијата во нашето семејство – со нив ги делиме сите семејни моменти, убави и лоши, а кога ќе пораснеме - можеме да смееме на сите „нефункционалности“ во семејството.

4. Секогаш имаме со кого да се дружиме на семејните прослави и на заеднички одмори – никогаш не здосадува дружбата со братучедите (а истовремено и родителите можат да се релаксираат кога децата се „на сигурно“).

7-prichini-zoshto-bratuchedite-ni-se-edni-od-najvazhnite-lichnosti-vo-zhivotot-05.jpg

5. Се сакаме безусловно и подготвени сме да си помогнеме во секакви ситуации, бидејќи пред нив можеме да кажеме сѐ – оваа врска е нераскинлива – колку повеќе братучеди на број, толку подобро.

6. Секогаш имаме на кого да се „исповедаме“ и понекогаш да се пожалиме за родителите или друг член од најблискиот круг, без тоа да излезе надвор од семејството и да биде погрешно сфатено - од нив секогаш ги добиваме најдобрите и најдобронамерните совети.

7-prichini-zoshto-bratuchedite-ni-se-edni-od-najvazhnite-lichnosti-vo-zhivotot-06.jpg

7. Преспивањата еден кај друг беа секогаш лесни со братучедите бидејќи родителите ги одобруваа – а подоцна може да наздравиме за сите заеднички ручеци, играња, преспивања во исти кревети и целодневни лудории кои никогаш нема да бидат заборавени. 

7-prichini-zoshto-bratuchedite-ni-se-edni-od-najvazhnite-lichnosti-vo-zhivotot-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...

Најчитани неделава