Лош ракопис и уште 6 знаци дека вашето дете е можеби натпросечно интелигентно

Повеќе сакаат да си играат со постари деца

Некогаш на многу интелигентните дечиња може да им биде тешко да се социјализираат со нивните врсници, најмногу поради натпросечната интелигенција.

Поради ова, сосема возможно е и да се чувствуваат попријатно со постари деца кои донекаде се на исто интелектуално ниво со нив.

losh-rakopis-i-ushte-6-znaci-deka-vasheto-dete-e-mozhebi-natprosechno-inteligentno-05.jpg

Си легнуваат доцна

Некои истражувања покажале дека на поинтелигентните деца им е потешко да заспијат навечер.

Некои родители, пак, забележале дека на нивното натпросечно интелигентно дете му треба помалку сон од вообичаено.

Една од можните причини за ова е постојаното размислување кај натпросечно интелигентните деца. Тие постојано си поставуваат прашања за сè, имаат многу идеи и некогаш им е тешко да ги смират мислите и да заспијат.

losh-rakopis-i-ushte-6-znaci-deka-vasheto-dete-e-mozhebi-natprosechno-inteligentno-06.jpg

Сакаат книги за постари деца

Бидејќи интелектуално овие дечиња се на исто ниво како постари деца, нормално е да ги интересираат книги кои не се за нивна возраст.

Истовремено, кога станува збор за сликовници, многу повеќе ќе ги интересира текстот отколку илустрациите ако знаат да читаат.

losh-rakopis-i-ushte-6-znaci-deka-vasheto-dete-e-mozhebi-natprosechno-inteligentno-07.jpg

Имаат лош ракопис

Неретко лошиот ракопис може да биде знак за натпросечна интелигенција. Се претпоставува дека причината за ова е тоа што мозокот на овие деца работи многу брзо, па сакајќи да стигнат да ја запишат секоја мисла, брзаат и пишуваат лошо.

losh-rakopis-i-ushte-6-znaci-deka-vasheto-dete-e-mozhebi-natprosechno-inteligentno-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 знаци дека вашето дете е разгалено Сакајќи да им го овозможат најдоброто, многу родители прават грешка и ги разгалу...
8 работи што родителите ги прават многу поразлично со второто дете Ако имате едно дете, веројатно обожавате да го фотографирате, но кога ќе добиете...
Како да му помогнете на детето да ги засака учењето и пишувањето домашни задачи? Немојте да го казнувате детето или да го „поткупувате“ со подароци. Ако извади с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg