Нереални очекувања и верувања што модерните мајки со право не сакаат да ги прифатат, низ илустрации
Многу жени се осудувани ако спомнат дека мајчинството не е воопшто лесно, но сè повеќе мајки отворено зборуваат за тешкотиите и предизвиците, но и за проблемите како постпородилна депресија.

Факт е дека луѓето отсекогаш имале превисоки очекувања од мајките. Тие мораат да се грижат за детето, да го средат домот, да бидат во топ-форма и притоа да не побараат помош за ништо.
Бидејќи, реално, сето ова е невозможно, модерните мајки постепено ги менуваат правилата на подобро и без двоумење ги отфрлаат мислењата и верувањата што останале од порано.
Очекувања што модерните мајки со право не ги прифаќаат:
Кога жените ќе родат дете, од нив се очекува да бидат само мајки и ништо друго – денес жените не го прифаќаат ова и без разлика што имаат дете, знаат дека можат да излезат со пријатели и да не го запостават нивниот живот целосно.

Откако ќе се породат, треба веднаш да се вратат во форма – денес жените ги прифаќаат и гордо ги носат промените на телото кои доаѓаат со бременоста и не се оптоваруваат со тоа да бидат во топ-форма само неколку месеци откако ќе родат.

Од жените се очекува сами да се грижат за нивните деца – во модерното општество, кога неретко треба и брзо да се вратат на работа, жените не се двоумат дали да побараат помош од бабите и дедовците, да најмат дадилка или да го запишат детето во градинка.

Многу жени чувствуваат притисок да родат само затоа што „им е време“ – денес го игнорираат ова и раѓаат кога се чувствуваат подготвени за тоа.

Бидејќи детето е најголем дар, жените се осудувани ако прозборат дека мајчинството е тешко – модерните мајки без проблем зборуваат за предизвиците и тешкотиите кои доаѓаат со грижата за детето

Со години, како да беше забрането жените да се пожалат или да одат на психијатар откако ќе се породат – денес стануваме сè посвесни за проблемите како постпородилна депресија благодарение на храбрите мајки кои отворено зборуваат за тоа

Од мајките се очекува да го одржуваат домот беспрекорно чист и да ги завршат сите домашни обврски – модерните мајки знаат дека ова е невозможно и повеќе не се оптоваруваат

Ако порано се очекувало само мајката да се грижи за детето бидејќи таткото е изморен од работа, модерните мајки не го дозволуваат ова бидејќи и двајцата родители треба да бидат одговорни

Доењето во јавност е најголема грешка и мајките треба да ги хранат децата само дома – модерните мајки дефинитивно го менуваат ова правило

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)?
Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации
Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници
„На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр...
„Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес?
Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“
„Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...