10 трикови како повеќе да не бидете несреќен и исфрустриран родител

Откажете се од идејата дека ќе бидете супер родител 24/7, не можете да ги заштитите од сè, ваша задача е само да ги насочите, а тие самите да учат од своите искуства.

10-trikovi-kako-povekje-da-ne-bidete-nesrekjen-i-isfrustriran-roditel-01.jpg

Следниот пат кога ќе бидете под стрес, исфрустрирани и депресивни... Потсетете се дека и родителите се само луѓе! Не сте машини кои функционираат на автопилот и не чувствувајте притисок секогаш сè што ќе кажете и направите да биде совршено.

Да се биде родител е тешко, односно најверојатно најтешката работа во нашиот живот.

Совети кои ќе ви помогнат како да бидете среќен родител, а не исфрустриран и незадоволен:

- Престанете да чувствувате вина што одвојувате време за нега на себе, тоа не е себичен потег, туку е неопходност, без разлика дали е шолја чај или ручек средба со пријатели.

- Откажете се од идејата дека ќе бидете супер родител 24/7, не можете да ги заштитите од сè, ваша задача е само да ги насочите, а тие самите да учат од своите искуства.

10-trikovi-kako-povekje-da-ne-bidete-nesrekjen-i-isfrustriran-roditel-02.jpg

- Буквално закажувајте си време за себе – барем еден час прошетка сами во природа на неколку дена или нешто што ве прави вас среќни.

- Исклучете се од социјалните мрежи, обидете се да го гледате светот преку очите на вашите деца, така ќе научите да пронаоѓате радост во сè.

- Планирајте едноставни семејни активности, играјте карти, градете кули, палете оган во природа и правете пикници – наједноставните работи ќе ви ги креираат најубавите семејни спомени.

10-trikovi-kako-povekje-da-ne-bidete-nesrekjen-i-isfrustriran-roditel-03.jpg

- Престанете да ги раскажувате одново и одново негативните искуства што сте ги имале со децата, така ги преживувате одново – наместо тоа, фокусирајте се на добрите работи и така ќе ви се лачи повеќе хормон на среќа, допамин.

- Индивидуално поврзете се со секое дете – прашајте ги што сакаат и придружете им се во таа активност без да има потреба да ве молат, ќе се забавувате заедно и со тоа ќе го разбудите детето во себе.

- Бирајте ги битките внимателно, односно не почнувајте комуникација со вашето дете тинејџер со дрзок став од типот „Те предизвикувам да го направиш тоа...“, така ќе има контранапад.

10-trikovi-kako-povekje-da-ne-bidete-nesrekjen-i-isfrustriran-roditel-04.jpg

- Пронајдете време да се поврзете и со други луѓе со кои ќе разменувате искуства и ќе се полните со позитивна енергија, која потоа ќе ја донесете и во домот.

- Ако долго време чувствувате криза и не можете да се справите со емоциите, тогаш посетете психолог и отворено разговарајте за емоциите и за стратегија како да се справите со случувањата од секојдневието.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава