Новите школски силеџии не се учениците, туку родителите - дали и во Македонија е таква ситуацијата?

Бесни објави на Фејсбук, агресивни мејлови, протести на училиште, насилничко однесување: злоупотребата на училишниот персонал од родителите станува сè почеста појава и може да има катастрофални последици.

Novite-shkolski-siledzii-se-roditelite-01.jpg

Според истражувањето спроведено во Австралија, секој трет директор на училиште бил изложен на закани од родителите, а од 560 анкетирани наставници, две третини неодамна биле малтретирани од родители. Родителите-насилници се почести во основните училишта, а најчести жртви се младите наставници. Викањето е најчеста форма на злоупотреба, 8,8% од нив пријавиле дека го добиле во лице, додека во 1% од случаите имало и физички напад.

Меѓу причините за нападот врз наставниците има и некои крајно безначајни работи – тоа што наставничката не ја закачила недовршената домашна задача на некој ученик на паното во училницата или затоа што детето не добило улога во училишната претстава. Најчести поплаки го доведуваат во прашање начинот на кој децата се дисциплинирани и како се оценуваат, како и безбедносните мерки во училиштето.

Училиштата повеќе се занимаваат со решавање на проблеми со родителите отколку со едукација на децата, а наставниците сè повеќе страдаат од анксиозност, депресија, напади на паника и посттрауматско стресно растројство.

Дури 83% од нив во анкетата изјавиле дека размислуваат да ја променат професијата поради вознемирувањето што го доживуваат од учениците и нивните родители.

Една од причините за ваквиот проблем во училиштата е губењето на довербата во институциите, сметаат експертите. Политичарите, банките, црквата – сите оние институции кои го одржуваа општеството заедно како „лепило“, станаа дискредитирани и луѓето веќе немаат доверба во нив. Односот меѓу училиштето и семејството е уништен.

Начинот на кој комуницираме е променет, помалку сме подготвени да ги слушаме другите и повеќе сме фокусирани на себеси. Очигледно, на нашето однесување влијаат политичарите и ѕвездите од реалните ТВ шоуа, забележува еден од наставниците.

На секој пристоен родител има двајца кои не се, а вознемирувањето на наставниците и училиштата преку електронски пат, односно мејл, е во пораст.

Една од главните причини за насилното однесување на родителите е идејата дека детето секогаш треба да биде среќно и задоволно. Родителите не сакаат нивното дете да доживее ништо што ќе им биде непријатно и веднаш преземаат акција штом тоа се случи.

Доколку наставникот не може да ги прими веднаш, тие буквално го окупираат училиштето со носење храна и пијалак и седење пред училницата или пред канцеларијата на директорот додека не бидат примени.

Директор на едно училиште во Мелбурн неодамна напиша писмо до родителите во кое го наведува следново:

„Сè почесто забележувам дека одгледуваме генерација на најранливите деца што некогаш постоеле. Родителите не дозволуваат нивните деца да искусат никаков предизвик, неуспех, каква било непријатност и казна или да преземат одговорност за своето однесување. Родители, дозволете ни да си ја завршиме работата, вака само ќе им наштетите на вашите деца!“

Што мислите вие, каков е случајот во Македонија? Дали родителите се навистина премногу заштитнички настроени и дали едукаторите страдаат поради тоа? Дали одгледуваме ранливи наместо силни идни генерации?

Извор

Би можело да ве интересира:

Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg