Најчести причини зошто некои луѓе не носат бурма (иако се во брак)

Дали ако некој е во брак и не ја носи бурмата значи дека планира да изневерува? Кои се шесте најчести причини зошто луѓето одбиваат да носат бурма?

najchesti-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ne-nosat-burma-iako-se-vo-brak-01.jpg

Голем број од луѓето што се во брак редовно ги носат бурмите на четвртиот прст од десната рака, но има и такви што ги чуваат уредно во кутијата за накит и не ги носат. Зошто?

Значи ли тоа дека планираат да го изневерат брачниот партнер или пак постојат други причини заради кои одбиваат да го носат симболот на верност и лојалност?

Лични уверувања

Некои луѓе сметаат дека прстенот нема никаква врска со љубовта и дека прстенот е еден вид на етикета, што нема потреба да ја носат за да докажат дека го сакаат партнерот.

Според нив, љубовта е интимно чувство меѓу две личности и нема потреба да им докажуваме на другите дека сме вљубени и среќни.

najchesti-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ne-nosat-burma-iako-se-vo-brak-02.jpg

Алергии

Иако се ретки, некои луѓе едноставно не можат да поднесат да носат каков било накит, па дури ниту злато и сребро затоа што на кожата може да им се појави црвенило или чешање.

Без разлика дали веруваат во традицијата или не, едноставно заради здравствени причини мора да се откажат од носењето бурма.

najchesti-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ne-nosat-burma-iako-se-vo-brak-04.jpg

Работа

На некои работни места не можете да носите прстени. Хирурзите, градежните работници или оние луѓе што работат со градежни машини едноставно не можат да си дозволат да носат прстени затоа што тоа е целосно непрактично, а може да биде и опасно.

Страв да не ја загубат

Луѓето што не носат накит се соочуваат со голем предизвик кога треба да носат бурма.

Постојат такви што носат накит само во посебни пригоди, а кога ја носат бурмата постојано стравуваат дека ќе ја загубат, па затоа следниот пат може да ја остават дома за да не мислат постојано да мислат на неа.

najchesti-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ne-nosat-burma-iako-se-vo-brak-03.jpg

Вишок килограми

Бурмата ви била точна на денот кога сте стапиле во брак, но со текот на времето сте се здебелиле и прстенот станува премногу тесен.

Постојат и такви луѓе што морале да го носат прстенот на сечење за да можат да го извадат од прстот.

najchesti-prichini-zoshto-nekoi-lugje-ne-nosat-burma-iako-se-vo-brak-05.jpg

Некои луѓе едноставно не сакаат накит

Постојат луѓе што не сакаат накит и сметаат дека заради свадбената традиција не треба да се менуваат себеси. Тоа не значи дека не го почитуваат или не го сакаат партнерот, но не сакаат да прифаќаат компромиси и да прават нешто што не сакаат за тој да биде среќен.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Душан Благојевиќ: „Во бракот биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си вет... „Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат зае...

Најчитани неделава