Косата ја мијат 1-2 пати неделно, ставаат парфем на нозете: 9 тајни за убавина на Французинките

Наместо да се потат во теретана неколкупати неделно, Французинките сакаат да пешачат. Одењето во фитнес центар го сметаат за измачување. Наместо тоа одат на прошетка, пешачат до работа, седнуваат на кафе со пријателките, а потоа дружењето го продолжуваат во пешачење.

9-tajni-za-nega-na-francuzinkite-poradi-koi-sekogash-izgledaat-besprekorno-01.jpg

Французинките важат за убави жени, кои пленат со своите шарм и елеганција.

Но, ова во голема мера се должи и на нивните навики за грижа на кожата, бидејќи тие посветуваат многу време на негата на лицето и на телото.

Кои се некои од најголемите тајни на француските дами?

Се тушираат набрзина

Французите секогаш внимаваат на потрошувачката на вода.

Тие не стојат под тушот со часови и не го „киснат“ телото додека има топла вода, туку се тушираат набрзина.

И тоа најчесто го прават со млака вода која е подобра за кожата отколку жешката вода.

9-tajni-za-nega-na-francuzinkite-poradi-koi-sekogash-izgledaat-besprekorno-04.jpg

Не ги скубат веѓите

Французинките се трудат да ја задржат природната густина и форма на веѓите.

Никогаш не ги скубат во тенка линија, а го отстрануваат само вишокот влакненца.

Потоа, веѓите ги обликуваат со специјална четкичка.

9-tajni-za-nega-na-francuzinkite-poradi-koi-sekogash-izgledaat-besprekorno-03.jpg

Наместо да џогираат, пешачат секој ден

Наместо да се потат во теретана неколкупати неделно, Французинките сакаат да пешачат.

Тие одат пеш на прошетка, ако имаат можност пешачат до работа, седнуваат на кафе со пријателките, а потоа дружењето го продолжуваат во пешачење.

Овие дами не сакаат да вежбаат и одењето во фитнес центар го сметаат за измачување.

9-tajni-za-nega-na-francuzinkite-poradi-koi-sekogash-izgledaat-besprekorno-08.jpg

Користат депилатор наместо брич

Французинките не сакаат да користат брич.

Тие најчесто ги отстрануваат влакненцата со депилатор или со епилатор.

9-tajni-za-nega-na-francuzinkite-poradi-koi-sekogash-izgledaat-besprekorno-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава