Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот?

Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како сенка за очи. За да го искористите на овој начин, едноставно втријте го на прстите и рамномерно нанесете на капаците на очите. 

nekolku-poinakvi-nachini-na-koi-mozhe-da-go-koristite-karminot-vo-sekojdnevnata-rutina-za-razubavuvanje-01.jpg

Ниту една шминка не е комплетна без впечатлив кармин. Без разлика дали станува збор за црвена, розова или крем нијанса, вклучувањето на карминот во рутината за шминкање ќе направи да се чувствувате поживи и повпечатливи.

Но, освен тоа што може да ги истакне вашите усни, карминот може да го употребувате и на други начини.

Погледнете неколку неочекувани употреби на карминот во вашата секојдневна рутина за разубавување:

Кармин како руменило

Еден од најдобрите начини да го искористите карминот во розова боја е да го употребите како руменило.

Нанесете розов кармин на јаболкниците на лицето и нежно измасирајте со прстите.

Кармин како коректор за лице

Ако сакате да ги скриете темните кругови околу очите, црвениот кармин може да ви помогне за тоа. Нанесете под очите врз темните дамки, па нежно размачкајте го со прстите.

Не нанесувајте премногу и не заборавајте добро да го размачкате.

nekolku-poinakvi-nachini-na-koi-mozhe-da-go-koristite-karminot-vo-sekojdnevnata-rutina-za-razubavuvanje-04.jpg

Кармин за контурирање

Искористете го вашиот омилен кафеав или кармин во крем боја за контурирање. Одберете нијанса потемна од тонот на вашата кожа, а на крај користете пудра за целосно да го финиширате изгледот.

Кармин како сенки за очи

Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како сенка за очи. За да го искористите на овој начин, едноставно втријте го на прстите и рамномерно нанесете на капаците на очите.

Ако сакате да го направите изгледот повпечатлив, тогаш користете хајлајтер за да постигнете посветол ефект.

nekolku-poinakvi-nachini-na-koi-mozhe-da-go-koristite-karminot-vo-sekojdnevnata-rutina-za-razubavuvanje-05.jpg

Измешајте две нијанси за да ја добиете посакуваната

Можете да добиете нова нијанса на кармин, без да трошите многу пари. Само измешајте две различни бои и добијте целосно нова нијанса.

Кармин само за нежно нагласување на бојата на усните

Сите имаме денови кога не сакаме ништо дополнителни на нашите усни. Значи, само ставање на малку боја и веќе сме спремни за излегување.

За да ја постигнете таа природна нијанса, нанесете само неколку дамки кармин на усните, а потоа размачкајте. Користете го и врз балсам за усни за да добиете поубав ефект.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава