10 стандарди за убавина и нереални трендови од кои жените полека се откажуваат
Славните дами почесто одлучуваат да не ја фарбаат седата коса, сосема е нормално да излезете без шминка со несовршена кожа на лицето, а рамните чевли конечно може да се носат и со елегантни комбинации.

Во изминатиот период некако како да се појавија многу нереални стандарди за убавина кои тешко се достигнуваат.
И додека некој ужива во нив и успева да се приспособи, за други конечно дојде време кога е сосема нормално да не се придржуваат до истите.
Па така, сигурно многумина го благословуваат денот кога стана сосема нормално да се носат патики со деловни, но и со некои вечерни комбинации.
Во продолжение неколку стандарди за убавина од кои жените полека се откажуваат:
Многу познати дами одлучуваат да не ги бричат влакната на разни места на телото

Тренди парчињата облека веќе не се само за слабите девојки

Рамните чевли стануваат нормални за елегантни комбинации

Нема ограничувања за облекување според возраст – и повозрасните дами се носат младешки

Природното стареење е прекрасно, а многу познати дами се одлучуваат да не подлегнат на премногу подмладување со процедури и фарбање коса

Прекумерно широката и удобна облека стана хит – и не, не прави да изгледате подебело ако правилно ја носите

Во ред е да не се кријат несовршеностите на кожата на лицето и да се појавите без шминка

Жените над 40 години не мора да имаат многу кратка коса, само треба добро да ја негуваат

Не мора секогаш сите да се облечени женствено, сосема се прифатливи и „машките“ фармерки и стајлинзи

Природната седа коса стана тренд кои многу славни дами го практикуваат и одбиваат да ги фарбаат белите влакна

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима
Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките?
Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде
Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто)
„Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“
„Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа)
Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...