Новогодишна фризура во последен момент – елегантна пунџа што се прави за 5 минути (видео)

Ако немате идеја за фризура за новогодишната ноќ, или немате време ни да ја измиете косата, сигурно ќе ви се допадне елегантна пунџа која се прави за помалку од пет минути.

last-minute-frizura-za-nova-godina-elegantna-pundzha-shto-se-pravi-za-5-minuti-video01.jpg

Веќе е доцна да се закажува на фризер за новогодишната ноќ, а ако уште немате идеја што да правите со косата, веруваме дека ќе ви се допадне нашиот предлог.

Станува збор за пунџа која е елегантна, но и практична, бидејќи дури и малку да ви се растури, лесно можете да ја средите.

Можете да ја направите фризурата без разлика дали имате кратка или долга, виткана или права коса, а ќе ви требаат не повеќе од пет минути.

Притоа, фризурата е хит, па секако дека ќе изгледате и модерно.

Според советите на инфлуенсерките, најдобро е да ја правите фризурата ден-два откако ќе ја измиете косата.

Што значи, идеална е и ако немате време да миете коса пред новогодишната прослава.

Но, можете да ја направите и на влажна коса.

Најпрво треба добро да ја расчешлате косата и да направите патец – може и на средина и на страна.

На косата треба да нанесете пена или мус, па да ја „залижете“ кон назад и да ја соберете во најобична пунџа. Висината на пунџата зависи од вас.

Ако имате долга коса, можете прво да ја соберете во опавче, па околу опавчето да ја направите пунџата.

На крај, прицврстете ја косата со лак или слично средство.

Постојат и варијации на фризурата, како испуштени предни прамени и ако имате повеќе време, слободно експериментирајте.

Видео туторијал за брзата фризура:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава