Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето
Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола.

Веруваме дека во лето немате многу трпение за стилизирање на косата со пегла или фен.
Но, нема ни потреба – постојат фризури кои се прават за само две-три минути, а за кои не ви треба третирање со топлина.
Притоа, идеални се за кога немате многу време, како и кога е многу жешко.
Седум брзи фризури идеални за лето:
Бранови
Брановидната коса е летна класика со која нема промашување.
Ако имате природно брановидна коса, тогаш само малку стилизирајте ја.
Ако имате права коса, можете одвечер да направите една голема плетенка и следното утро фризурата ќе ви биде готова.

Пунџа со средна висина
Кога немате многу време за фризури или за миење коса, пунџата е вистински спас.
Притоа, кога е навистина жешко, нема фризура со која ќе ви биде поудобно.
Соберете ја косата во пунџа на средината на тилот, измазнете ги влакненцата што сте разлетани со восок и фризурата е готова.

Лента за коса
Големите стегачи за коса се хит уште од минатата година, и тоа со причина.
Доволно е само да ја исчешлате косата и да го ставите стегачот. Оваа фризура е идеална и ако корените ви се малку мрсни, а немате време за миење.
