Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето
Голема шнола
Ви требаат само пет секунди за да ја соберете косата во голема шнола.
Само затегнете ја косата малку повеќе и фризурата ќе изгледа совршено.

Полусобрана коса
Ако не сакате да ја собирате целата коса, тогаш можете со помала шнола да го соберете самиот горниот дел.
Ова е уште една фризура што е одлична ако косата ви е малку мрсна.

Ниско опавче со марама
Фризура која е идеална за жешко време, се прави за една минута, а изгледа навистина елегантно.
Само соберете ја косата во ниско опавче и врзете марама врз стегачот.

Гoлеми плетенки
За оваа фризура може ќе ви треба малку повеќе време, но сепак се прави за најмногу пет минути.
Соберете ја косата во две плетенки, но не ги стегајте за лежерен, но и елегантен изглед.
Оваа фризура е одлична ако планирате да носите капче, а идеална e и за на плажа.

Спирова С. | Црнобело