Како сами да направите здраво масло за сончање?

Летото пристигна, а со него и желбата за малку потемен тен. А, затоа што средствата во продавниците имаат голем процент на хемикалии, научете како сами да направите масло за заштита од сонцето.

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-01.jpg

Имате две можности - класично масло и масло со разладувачки ефект.

За класичното масло потребно ви е:

  • ½ шолја бадемово или маслиново масло
  • ¼ шолја кокосово масло
  • ¼ шолја восок од пчела
  • 2 лажици цинк оксид (се продава во сите аптеки)
  • 2 лажици шеа путер
  • Екстракт од ванила или етерично масло по избор, за мирис

Подготовка:

На тивок оган загрејте ги маслата и стопете го восокот. Додајте го путерот, а кога смесата ќе се олади додајте го цинк оксидот. Избегнувајте директно да вдишете дел од правот. Убаво измешајте и користете пред да се изложите на сонце.

Рок на траење: 6 месеци

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-02.jpg

За маслото со алое вера потребно ви е:

  • ½ шолја алое вера гел
  • 20 капки масло од морков
  • 5 лажици масло од пченични никулци
  • 5 капки масло од лаванда

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки. Пред употреба примешајте и напрскајте на кожата.

Рок на траење: 6 месеци

Важно: Кога ги купувате маслата, обрнете внимание на тоа да се нерафинирани и ладно цедени. Во спротивно, имаат понизок заштитен фактор.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...

Најчитани неделава