Една иста девојка може да биде убава на 25 различни начини

Дали убавината може да биде универзална? Постои ли стандардна убавина на жената од различни земји? Истер Хониг е девојката која се обидела да ги открие одговорите на овие прашања.

edna-ista-devojka-moze-da-bide-ubava-na-25-razlicni-nacini-001

За таа цел една своја фотографија испратила на 40 различни фотошоп експерти, од 25 различни земји во светот и од нив побарала да ја направат убава.

Она што го добила како резултат е зачудувачко и многу интересно. Може да се забележи дека еден ист лик различни луѓе, на различен начин го доживуваат.

Работите кои би ги промениле на ликот се разликуваат од земја до земја и од култура до култура. Ако во Аргентина и Австралија малку повеќе шминка е убаво, во Израел и Пакистан убавата девојка нема воопшто шминка.

Ако во Америка и Германија  за да биде убава девојката треба да има бујна или обоена коса, во Мароко таа е покриена со шамија.

Секоја девојка може да биде убава во сите земји, само треба да се раководи по она што го истакнува или сокрива.

Може да направите уште многу споредби и да ги забележите разликите, но она што е важно е дека сè зависи од перцепцијата и културата.

Би можело да ве интересира:

Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...

Најчитани неделава