Осветлете ја косата на 3 природни начини

Осветлувањето на косата летно време е природен процес, но дали знаете дека можете да го забрзате на природен начин.

osvetlete-ja-kosata-na-3-prirodni-nacini-01

Колку е вашата коса посветла, толку побрзо ќе реагира на третманите за осветлување, кои најчесто се препорачуваат за природните русокоси и светлосмеѓите девојки, кои лесно ќе ја добијат посакуваната нијанса.

Чај од камилица

Цветовите од камилица содржат апигенин – жолта боја која дополнително ја осветлува косата. Смирувачките својства на камилицата се одлични за осветлувањето на русата коса, а благодарение на природните својства, косата ќе има и интензивен сјај.

За да ја осветлите косата со камилица,потребно е 2-3 шолји со цветови, да ги прелиете со пола литар зовриена вода и да ги варите околу 15 минути.

Оставете да се излади чајот околу половина час, па исцедете го. Во него додајте сок од еден лимон и две лажички регенератор.

Нанесете ја смесата на косата и оставете да стои половина час пред да ја измиете.

osvetlete-ja-kosata-na-3-prirodni-nacini-1.jpg

Сок од лимон

Исцедете лимон, измешајте го со еднаков однос на вода. Ставете ја мешавината во шишенце со распрскувач за нанесувањето да ви биде полесно.

Лимонот и водата нанесете ги на мокра коса и излезете на сонце за да ви се исуши косата, а потоа измијте ја уште еднаш со млака вода.

osvetlete-ja-kosata-na-3-prirodni-nacini-2.jpg

Мед и дестилирана вода

Соодносот на медот и водата треба да биде 1:4 зависно од должината на косата. На тоа може да додадете и цимет и маслиново масло и да го оставите да отстои барем 1 час на собна температура.

Нанесете ја целата смеса на косата и замотајте ја со стар пешкир. Ако сакате омбре ефект, смесата нанесете ја само на врвовите, а доколку сакате само прамени, премачкајте ги со четкичка за заби.

Девојките со потемна коса максимум од овој третман може да очекуваат боја на карамела.

osvetlete-ja-kosata-na-3-prirodni-nacini-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава