Валбона Мифтари: „AVON ми е дел од семејството“

Средно Медицинско, Економски факултет, магистратура по Финансии, а сопствен бизнис во AVON – сестраната Валбона од Кичево повеќе од 3 години успешно ја гради својата кариера во продажната структура на AVON и вели дека никогаш нема намера да се откаже. Денес е горда на својата титула Јуниор Менаџер, но цели да ја достигне највисоката – Бизнис Менаџер и со тоа да го исполни својот сон.

valbona-miftari-avon-mi-e-del-od-semejstvoto-01.jpg

Како правите рамнотежа помеѓу обврските во AVON и вашите семејни и лични обврски?

Во AVON имам голема група на луѓе на кои посветувам доста време, па рамнотежата и не е секогаш лесно да се направи. Затоа се трудам да ги завршам моите обврски во бизнисот на почетокот на секоја кампања со цел да ми остане време и за себе. Сепак, кога човек сака да работи, може да има време за сè што сака.

Што ве мотивираше да поченете да градите кариера со AVON?

Во работата ме воведе мојата координаторка пред околу 3 години, кога ми носеше брошури и ми објаснуваше дека во AVON може многу да се заработи. Тоа е и навистина така. Најпрво станав Претставник, ги поминав обуките за претставници, па ми се понуди можност да станам Координатор. Тогаш бев студентка и секој денар беше добредојден. Почнав да работам посериозно и да заработувам големи пари. Оттогаш се развивам секојдневно.

Што ве мотивира во работата со AVON денес?

Највеќе ме мотовира професионалната работа на компанијата, а секако и парите кои ги заработувам. Имам добиено многу дипломи и патувања како подарок, а имам и одлично друштво со моите претставници и лидери. Сè ова ми е огромна мотивација да продолжам да работам сè попосветено од ден на ден.

Што научивте во AVON? Кои од обуките ве поттикнаа да се развивате?

Од AVON научив многу работи за бизнисот воопшто. Обуките се одлични, професионални, за нив не плаќаме ништо, а се од огромна корист за нашиот бизнис. Сите обуки ми оставија силен впечаток. Затоа и ќе продолжам да се развивам во AVON и немам намера некогаш да се откажам.

Какви награди и бонуси сте добиле досега во AVON?

Секој квартал и секоја година добивам разни награди и бонуси. Посебно ми е драго 5-дневното патување во Амстердам кое го добив како член на Топ Клубот на Лидери на AVON. Се стремам да го земам и најголемиот бонус којшто го дава компанијата за менување на титулата, а најголемата заработка досега ми била сума од 60.000 за три недели.

Која е вашата главна стратегија за зголемување на тимот на Претставници и заработка?

Сакам да внесам што повеќе квалитетни претставници кои имаат амбиција да станат лидери, со што ќе ми помогнат да растам во титулата, а и тие самите ќе имаат можност да напредуваат со бесплатните обуки кои ги спроведува AVON за нив и за нас.

Што сакате да постигнете во AVON? Кои се вашите соништа во AVON?

Сакам да ја постигнам највисоката титула Бизниис Менаџер и тогаш ќе ми се исполни желбата и соништата.

valbona-miftari-avon-mi-e-del-od-semejstvoto-2.jpgКој е вашиот омилен AVON производ?  И опишете што ви се допаѓа кај тој производ – квалитетот, цената, комбинацијата од двете?

Ги користам сите производи од AVON, и тоа не само јас, туку и за сите мои блиски нема друга компанија освен AVON. Омилен производ ми е парфемот CITY RUSH, ми се допага квалитетот, а секако и цената. 

Кој е моментот во AVON на кој најмногу се гордеете и зошто?

Со AVON се гордеам секој ден, но моментите кога добивам награди и признанија на најубавите и најголемите конференции на AVON се неописливи.

Каква поддршка добивата од семејството за развој на Вашата кариера во AVON?

Мене AVON ми е веќе како дел од семејството. Поддршката од родителите ми е огромна, и како што тие мислат најдобро за своите деца, така и AVON го прави најдоброто за нас, нè мотивира и прави да се чувствуваме горди за тоа каде работиме.

Што планирате да правите во следните 3 години?

Да сме живи и здрави! Планирам и понатаму да се развивам и да заработувам. Сакам и AVON да се гордее со мене како што јас се гордеам со нив.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg