Испробајте: 3 масажи кои го бришат целулитот

Рачната масажа со техника на штипење, масирање со дланките и цедење е поделотворна и од масажите кои вклучуваат скапи апарати, масла и што ли уште не.

isprobajte-3-masazi-koi-go-brisat-celulitot-01.jpg

Докажано е дека најголеми непријатели на целулитот се нездравата исхрана и задржувањето на водата во организмот, па ако и вие сакате да се изборите против нив, ви ги препорачуваме овие 3 масажи кои можете да ги испробате во домашни услови.

Критичните делови намачкајте ги со масло или мрсна крема со масла од бршлен и бадем кои ја поттикнуваат циркулацијата. Секој дел од нозете и задникот масирајте го барем 1 минута.

Масажа со штипење

Штипењето со прстите е идеален начин на кој крвта доаѓа до површината на кожата. На тој начин ќе ги отстраните насобраните токсини.

Масажа со цедење

Опуштете ги мускулите и фатете ги нозете како кога цедите пешкир. Виткајте во две спротивни насоки, додека можете да издржите. Оваа масажа е најефективна за бутовите и проблематичните делови на колковите.

Масирање со дланките

Со дланките притискајте ги деловите на кои се насобрал целулитот. Со силен стисок ќе ги разбиете масните наслаги и ќе му помогнете на организмот подобро да се избори со нив.

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Темни дамки, подочници, несовршености - Славни дами кои покажаа како изгледаат без грам шминка (фото... Навикнати сме да ги гледаме познатите дами со шминка, беспрекорен тен, совршени ...
Состојки што е најдобро да ги избегнувате ако имате кожа склона кон акни Никако немојте да користите кокосово масло на лицето и прескокнете ги продуктите...
Која убавица ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2025? Мајка ѝ беше Мис на Македонија во 1... „Со гордост ја претставуваме Иман Тотич, нашата претставничка на Miss Universe 2...

Најчитани неделава