„Диетална” шминка: Со производите за разубавување до 5 килограми послаби во лицето

Со уредно средените веѓи, нагласените очи и фризура која соодветно одговара на вашето лице можете визуелно да го „стесните” лицето за 5 килограми.

dietalna-sminka-so-proizvodite-za-razubavuvanje-do-5-kilogrami-poslabi-1

Познато е дека за витка фигура мора малку повеќе да се трудите, односно да бидете физички активни и да ја промените исхраната, но козметичарите велат дека за лицето постојат едноставни чекори, кои ќе ви одземат неколку килограми.

Следете ги следниве чекори и ослабете во лицето:

Чекор 1: Нагласете ги контурите на лицето

Сѐ што ви треба за нагласување на контурите на лицето е за една нијанса потемен бронзер и една нијанса посветол коректор.

Почетниците кои не се вешти во шминкањето, за почеток добро би било да користат течна подлога за полесно да дојдат до саканата цел.

Ако правилно го нанесете бронзерот на одредени места на лицето, како што се јаболчниците, работ на носот и вилицата ќе ја постигнете посакуваната цел.

Светлите нијанси нанесете ги на средината од челото, носот и брадата, како и под очите. Потоа со мека и широка четка поминете го целото лице, со цел да ги изедначите овие две нијанси.

Погледнете го ова интересно видео, кое ќе ви покаже како правилно да ги нагласите контурите на лицето:



Чекор 2: Средете ги веѓите

Уредно средените веѓи со висок и тенок лак ќе го издолжи вашето лице и на тој начин ќе изгледате послаби.

Со помош на молив во иста боја со вашите веѓи, дефинирајте ги, а потоа полесно ќе ги отстраните вишокот влакненца.

Најдобро е веѓите да ги средувате на дневна светлина, а за помалку болка при отстранување на влакна држете коцка лед неколку минути.

Откако ќе завршите со средувањето, под лакот на веѓите нанесете бела сенка со која ќе креирате илузија на повисоки веѓи.

dietalna-sminka-so-proizvodite-za-razubavuvanje-do-5-kilogrami-poslabi-3--



Чекор 3: Нагласете ги очите

Пред да почнете да ги шминкате очите, потрудете се да ги намалите отоците на лицето. Затоа пред шминкањето, измијте го лицето со ладна вода. Подочниците ќе исчезнат, а вашето лице ќе изгледа свежо.

Преку подочниците ставете коректор, а на краевите од капаците на очите нанесете темна сенка.

Финиширајте со маскара со која визуелно ќе ги зголемите очите.

dietalna-sminka-so-proizvodite-za-razubavuvanje-do-5-kilogrami-poslabi-4



Чекор 4: Сокријте го вишокот коса

Одберете фризура која визуелно ќе ви го издолжува лицето. Доколку имате долга коса, размислете за нејзино скратување во степен или направете си шишки, а косата соберете ја во висока пунџа.

Избегнувајте премногу кратка коса и мазни фризури, бидејќи истите го шират лицето.

dietalna-sminka-so-proizvodite-za-razubavuvanje-do-5-kilogrami-poslabi-5



Чекор 5: Розов сјај за усни

Розовите нијанси на кармин и сјај за усни се најдобрите сојузници на жените кои сакаат визуелно да го стеснат лицето.

Темните бои на кармини ви додаваат килограми, а беж нијансите во боја на кожа, визуелно го смалуваат волуменот на усните, па таквите не се препорачуваат на девојките со тенки усни. 

dietalna-sminka-so-proizvodite-za-razubavuvanje-do-5-kilogrami-poslabi-6

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Чекор по чекор упатство: Како да ги извадите типсовите од ноктите дома? Ставете ацетон во сад, кој не мора да биде многу голем, но да ви ги собере барем...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg