Направете си сами француски маникир во 6 чекори

Класичниот и елегантен маникир кој никогаш не излегува од мода е добропознатиот француски маникир. Тој е синоним на елеганција и стил.

napravete-si-sami-francuski-manikir-so-6-cekori-01

Но, за тоа не мора да одите на козметичар, туку со 6 едноставни чекори може да си го направите дома.

1. Задолжително ставете подлога

Подлогата се става и на долната страна на ноктот за да се зачува површината од вода, детергенти и други надворешни влијанија.

2. Излакирајте ги ноктите

Доколку сакате француски маникир се препорачува нежната розева нијанса со која ќе го покриете целиот нокт. Ако имате некои оштетувања употребете лак во беж боја, која ќе ги скрие сите неправилности.

3. Стикери

Залепете самолепливи стикери на врвот на ноктите, колку што ќе ви биде просторот за белата линија. Кога ќе се исуши лакот, извадете ги и стикерите.

4. Бела линија

Нацртајте бела хоризонтална линија така што првиот слој ќе ви биде помал, па откако ќе се исуши, ќе го повторите.

5. Корекција

Со мала четка за шминкање натопена со отстранувач за лак, поправете ги грешките.

6. Безбоен лак

Нанесете го повторно горниот слој со безбоен лак кој ќе им даде сјај на ноктите.

Би можело да ве интересира:

Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светк...
Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава